Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) Нови постдипломски студии - 2018/2019 Електроенергетика (ЕЕ) Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

Предмет: Планирање на развој на производните капацитети во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ04015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Софија Николова-Поцева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаења за методите и оспособеност за користење на современи техники и алатки кои се користат за планирање на развој на електрични централи во електроенергетскиот систем.

Содржина на предметната програма: Дијаграм на оптоварување и крива на траење на оптоварување. Поделба на дијаграмот на оптоварување. Апроксимација на кривата на траење на оптоварување.  Методи за предвидување на оптоварувањето во ЕЕС. Хидролошки податоци, нивна анализа и методи за нивна обработка. Определување на потребна структура на извори во ЕЕС. Редослед на градење на електрични централи. Припремни работи и основа на методите за определување на редоследот на изградба на електрични централи. Експлоатациони карактеристики на термоелектрични централи и хидроелектрични централи и нивна апроксимација. Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од хидроелектрични централи Методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од термоелектрични централи. Примена на методот на комбинации, методот на еквивалентни криви. Одредување на производни трошоци во системот. Економски анализи и критериуми за избор на поволна варијанта за развој на производството во ЕЕС.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

International Atomic Energy Agency

Expansion Planning for Electrical Generating Systems: A Guidebook

IAEA, Vienna

1984

2

Hrvoje Požar

Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima

Informator, Zagreb

1983

3

Fawwaz Elkarmi, Nazih Abu Shikhah

Power System Planning Technologies and Applications: Concepts, Solutions and Management

IGI Global

2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg

Power Generation, Operation and Control

John Wiley & Sons

1996

2

H. Wayne Beaty

Handbook of Electric Power Calculations, Third Edition

McGraw-Hill

2001