Управувачки системи во ЕЕ
Предмет: Управувачки системи во ЕЕ
Код: 3ФЕИТ04024
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс, студентот ги совледува методите и техники за разбирање, анализа и примена на современи системи за управување и следење во електроенергетски објекти и општо ЕЕС. Студентот се оспособува за решавање на низа инженерски задачи и донесување одлуки од аспект на воведување нови методи и начини на управување на техничките системи во ЕЕС.
Содржина на предметната програма: Математичко моделирање и компјутерска симулација на процесите во ЕЦ и РП. Tехнички системи на управување во ЕЦ, РП и општо ЕЕС. Општо за експериментална идентификација на управуваниот објект во технолошки процеси. Енергетската опрема и информатичко-комуникациската технологија. Примена на стандарди IEC, EN и IEEE за управување во ЕЕС. Типови и начини на управување со поедини компоненти на електричните централи. Анализа Трошоци – Ефекти (Cost-Benefit Analysis) за усвојување на тип на управувачки систем. Локација на контролна точка. Локална автоматика. Далечинско управување. Сигнализација и врски на управуваните агрегати и високонапонска опрема со управувачките центри. Конкретни апликации на системите за управување кај различни типови енергетски постројки (термо, хидро, обновливи извори). Симулација и анализа на некои карактеристични управувачки контури: регулација на проток, температура, притисок, број на вртежи, напон, возбудна струја, активна и реактивна моќност. Примена на хардвер и софтвер за погонска анализа на агрегатите. Динамички карактеристики на агрегатите. Експериментална верификација на погонските перфоманси на агрегатите и припадната опрема. Рехабилитација и воведување на современи управувачки системи. Работа на компонентите на ЕЕС во нова технолошка и пазарна околина.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
К.П.Бранд |
Прирачник за автоматизација на трафостаници |
УАЦ Лохман |
2003 |
2 |
М. Чаловиќ |
Регулација на електроенергетските системи |
Електротехнички факултет Белград, Србија |
1997 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Студиски комитет |
Технички извештаи и брошури |
CIGRE |
2016 |
2 |
В. Фуштиќ |
Реални проекти на управувачки системи - Случаи за анализа |
ИЕЦРП, ФЕИТ |
2015 |