Лични алати
Пријави се

Оптимална работа на изворите во ЕЕС

Предмет: Оптимална работа на изворите во ЕЕС

Код: 3ФЕИТ04014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Доц. д-р Софија Николова-Поцева

Цели на предметната програма (компетенции): По завршување на овој курс студентот стекнува знаење за примена на методите и техниките за решавање на проблемот на оптимална распределба на оптоварувањето помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем. Студентот е оспособен за користење на современи софтверски алатки за решавање на оптималното водење на електрични централи.

Содржина на предметната програма: Поделба на дијаграмот на оптоварување на константен и варијабилен дел. Пополнување на дијаграмот на оптоварување со производството од различни типови на електрични централи. Флексибилен пристап кон оптимизационата задача од аспект на периодот на оптимизација и различна поделба на временските интервали (број и должина). Моделирање на термоелектрични централи (ТЕЦ). Трошковни и енергетски карактеристики на ТЕЦ. Земање предвид на ремонтите кај ТЕЦ. Моделирање на хидроелектрични централи (ХЕЦ) (проточни, акумулациони и реверзибилни ХЕЦ). Режими на работа на ХЕЦ од аспект на хидролошките услови и од можностите за полнење и празнење на акумулацијата.  Моделирање на ветерни електрични централи. Методологија за одредување на оптимален број на агрегати во погон кај хидроелектрични централи. Решавање на сложени хидраулични системи и моделирање на каскадно врзани ХЕЦ.  Оптимална работа на конвенционалните електрични централи во сложен енергетски систем со интегрирани ветерни електрични централи.  Повеќекритериумски услови при оптимизација: билансирање на води кај секоја ХЕЦ за одреден период, биланс помеѓу дотечната и потрошената вода.  Примена на MATLAB за решавање на проблемот на оптимална распределба на моќности помеѓу електричните централи во сложен електроенергетски систем.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Milan S. Ćalovic, Andrija T. Sarić

Eksploatacija elektroenergetskih sistema

Beopres

1999

2

P. S. R. Murty

Operation and Control in Power Systems

BS Publications

2008

3

Jizhong Zhu

Optimization of Power System Operation

Wiley-IEEE Press

2009

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Hrvoje Požar

Snaga i energija u elektroenergetskim sistemima

Informator, Zagreb

1983

2

D. P. Kothari, J. S. Dhillon

Power System Optimization

Motilal UK Books of India

2004