Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми II циклус (магистерски) Нови постдипломски студии - 2018/2019 Електроенергетика (ЕЕ) Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Предмет: Проектирање и моделирање на електрични централи и разводни постројки

Код: 3ФЕИТ04018

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: Проф. д-р Атанас Илиев

Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување знаења за проектирање на високонапонски електроенергетски објекти: хидроцентрали, термоцентрали и разводни постројки. Оспособеност за користење на современи техники, методи и компјутерски софтвер при проектирањето, како и при моделирање, оптимизација и симулација на процеси во електрични централи и разводни постројки.

Содржина на предметната програма: Современи методи за проектирање на ЕЦ и РП. Фази во процесот на проектирање. Анализа на проектни параметри. Формирање варијанти проектни решенија. Технички и економски критериуми за оценка на варијантите решенија. Примена на технички стандарди во процесот на проектирање.  Пресметка на струи на куси врски и димензионирање на опрема во ЕЦ и РП. Доверливост на шеми на разводни постројки. Проектирање на заземјувачки систем. Случаи за анализа: проект на хидроелектрична централа, проект на разводна постројка. Апликативен софтвер за проектирање и моделирање на ЕЦ и РП. Математички методи и техники за моделирање и визуализација процеси во ЕЦ и РП. Статистички анализи во електроенергетиката.  Моделирање на работа на ЕЦ во сложен ЕЕС. Избор на оптимален број на агрегати во погон кај ХЕЦ. Optimal Power Flow.  Примена на fuzzy логиката и невронските мрежи во електроенергетиката.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Атанас Илиев

Одбрани поглавја од проектирање и моделирање на ЕЦ и РП

ФЕИТ (скрипта за интерна употреба)

2015

2

Ј. Nahman, V. Mijailovic

Visokonaponska postrojenja

BeoPress Stampa – Beograd

2000

3

Nasser D. Tleis

Power Systems Modelingand Fault Analyses

Elsevier Ltd

2008

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Избрани трудови

IEEE Transaction on Power Systems & Power Delivery

IEEE Press

2017

2

Brian Hahn, Daniel Valentine

Essential Matlab for Engineers and Scientists

Elsevier Ltd

2007

3

Mohamed El-Hawary

Electric Power Applications of Fuzzy Systems

IEEE Press

2008