Менаџмент на ризик во електроенергетиката
Предмет: Менаџмент на ризик во електроенергетиката
Код: 3ФЕИТ04011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање, анализа и менаџирање на ризиците во технички проекти и ризици во електроенергетски објекти. Ќе ги изучи техниките за квалитативна и квантитативна анализа на ризиците и ќе може да донесува одлуки за справување со ризици, се со цел успешно завршување на проекти и зголемување на доверливоста и сгурноста на енергетските објекти.
Содржина на предметната програма: Вовед во менаџмент на ризик. Типови и извори на ризикот. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација на ризикот во проекти во различни гранки на индустријата. Квалитативна проценка и анализа на ризиците. Mетоди и техники на квантитативно вреднување на влијанијата на поедините ризици. Методи на дрво на грешка и дрво на настан,Баесови мрежи и Маркови вериги. Одлука за планирање на одговор на ризикот врз основа на трошокот за пресретнување и/или трансфер. Стратегии за пресретнување на ризикот. Доверливост и сигурност во електроенергетски постројки.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
George Anders Alfredo Vaccaro |
Innovations in Power Systems Reliability |
Springer-Verlag London |
2011 |
2 |
Wenyuan Li |
Risk Assessment of Power Systems: Models, Methods, and Applications, 2nd Edition |
IEEE Pres, Wiley |
2014 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Allan, R.N., Billinton |
Reliability Evaluation of Power Systems |
Springer |
1996 |