Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ За Факултетот Организациска структура Стручни служби Служба за студентски прашања

Служба за студентски прашања

Службата за студентски прашања ги води матичните книги на запишаните и дипломираните студенти, ги оформува и ажурира студентските досиеа од трите циклуси на студии. Службата е вклучена во реализацијата на Конкурсот за запишување нови студенти секоја учебна година, вршејќи прием на документи и обработка на податоци. Секоја година, Службата за студентски прашања е активно вклучена во промовирањето на дипломираните инженери и магистри од претходната учебна година, како и наградувањето на студентите со натпросечни резултати. Исто така, Службата ги врши сите потребни анализи и извештаи на барање од деканот на Факултетот, Ректоратот на Универзитетот и Министерството за образование и наука, дава редовни тримесечни извештаи и до Државниот завод за статистика за запишаните и дипломираните студенти. Сепак, најизразена е улогата на оваа служба во секојдневната работа со студентите во врска со издавање барања, уверенија, потврди, вршење заверка и запишување семестри, како и давање потребни информации на студентите.

Работното време - Службата за студентски прашања работи од 8:00 до 16:00 часот, со пауза од 10:00 до 10:30.
Терминот за работа со студенти е од 12:30 до 14:30 часот
.

Персонал:

Образец за молби до продеканот за настава

Образец