Наставно-научен совет
Наставно-научниот совет (ННС) е стручен орган на Факултетот. Членови на ННС се: избраните редовни и вонредни професори и доценти кои имаат заснован работен однос на Факултетот, како и претставници на студентите. Членови на Наставно-научниот совет се: 32 редовни професори, 12 вонредни професори, 12 доценти и 6 претставници од Студентски парламент на ФЕИТ. Наставно-научниот совет работи на седници кои по правило се одржуваат еднаш во текот на месецот, а по потреба може да се одржат и вонредни седници. Надлежностите на ННС се утврдени со Правилникот за внатрешните односи и работењето на ФЕИТ.