06-Автоматика, роботика и системско инженерство (06-АРСИ)
Студиска програма: 06-Автоматика, роботика и системско инженерство (06-АРСИ)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршен прв циклус студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа автоматика, роботика и системско инженерство
Вториот циклус на студии по автоматика, роботика и системско инженерство има за цел да образува специјалисти кои ќе можат да ја понесат техничката и економската одговорност на проектирање, развој користење и одржување на комплексни роботски и интелигентни системи во нашето општество. Оваа програма нуди опсег на области од процесната индустрија, роботиката и компјутерското инженерство. Исто така, дава одлична подготовка за оние кои сакаат својот работен ангажман да го посветат на апликации во научно-истражувачка работа во некоја институција од ваков вид. Програмата е наменета за студенти со соодветен степен на квалификации, кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во компании кои се бават со проектирање и примена на управувачки системи, реализирани софтверски или хардверски, студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теориско знаење и квалификации потребни за успешно проучување и работење со модерни и напреднати техники на управување и водење на комплексни системи, вработени во фирми кои применуваат разни видови на управувачки системи, а кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примена на овие системи, инженери од индустријата, проектанти на управувачки системи, планери и менаџери во стопанството кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните, нови и модерни пристапи во компјутерското системско инженерство и имаат амбиција за примена на истите со цел да се постигне повисока автоматизација и поголем квалитет и профит.
По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат: да ги имплементираат техниките на управување и компјутерски инженеринг во области од техничките науки, медицина, менаџмент и друго; да ги применуваат техниките на машинско учење при креирање на интелигентни системи и веб базирани апликации; да ги применуваат методите за обработка на говор и јазик; да развиваат нови области на примена и усовршување на постоечките; да покажат разбирање за теориските проблеми во моделирање, симулација, управување и водење на системи и процеси; да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на автоматизацијата и компјутерското инженерство; да покажат знаење и оспособеност за следење на моментна состојба во истражувањата и вклучување и прилагодливост за тимска работа во актуелни интердисциплинарни области и специфични области.
| Задолжителни предмети | |||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | |
| 
 | Факултетски изборен 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 4 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 5 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | ||
| Изборни предмети | |||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | |
| ФЕИТ01016 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01019 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01018 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01005 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01015 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01010 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01007 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01003 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01002 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01011 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01009 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01006 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01004 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ01014 | Проектирање на управувачки системи и изработка на техничка документација | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| ФЕИТ02018 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05026 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| Задолжителни предмети | ||||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | ||
| ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 | ||
| Изборни предмети | ||||||
| ФЕИТ06 | Истражувачки проект од областа на автоматиката, роботиката и системското инженерство | 6 | 0+0+0+6 | 180 | ||
| 
 | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |||
| Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 | |||










