Експертски системи
Предмет: Експертски системи
Код: ФЕИТ01003
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. Д-р Јован Стефановски
Содржина на предметната програма: Експертските системи се компјутерски системи со кои се врши емулација на способноста за донесување одлуки на човек или организација кои имаат експертско знаење и искуство во одредена област. Експертските системи се дизајнирани да решават комплексни проблеми преку резонирање во врска со одредено знаење. Тие типично содржат база на знаење, која содржи акумулирано искуство, и множество на правила со кои се врши примена на базата на знаење при секој специјален случај.
Во оваа предметна програма ќе бидат покриени следните теми: 1. Вовед во експертски системи; 2. Репрезентација на знаење; 3. Системи базирани на правила; 4. Методи на одлучување; 5. Резонирање во услови на неодредености; 6. Непрецизно резонирање; 7. Проектирање на експертски системи; 8. Апликации.
Литература:
- Peter Jackson, “Introduction To Expert Systems”, Addison-Wesley; 3 edition, 1998.
- Gonzalez and Dankel, “The Engineering of Knowledge-based Systems - Theory and Practice”, Prentice Hall Inc., 1993.
- Joseph C. Giarratano, Gary Riley, “Expert Systems: Principles and Programming”, Thomson Course Technology, 2005.
- Cornelius T. Leondes (Editor), “Knowledge-Based Systems, Four-Volume Set: Techniques and Applications”, Academic Press; 1 edition, 2000.
- Nikola K. Kasabov, “Foundations of Neural Networks, Fuzzy Systems, and Knowledge Engineering”, The MIT Press, 1996.