Специјални електрични машини и нивно управување
Предмет: Специјални електрични машини и нивно управување
Код: ФЕИТ02018
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. Д-р Гога Цветковски
Содржина на предметната програма: Видови на специјални електрични машини и нивни конструктивни особености. Примена на специјалните електрични машини. Основни големини, параметри и карактеристики на специјалните електрични машини.
Вовед во теоријата на специјалните електрични машини. Видови специјални електрични машини: со возбуда од перманентни магнети поставени на статор/ротор; специјални електрични машини со радијален / аксијален флукс; реактивни машини; линеарни машини; еднофазни асинхрони / синхрони мотори; асинхрони мотори со засечени полови; сервомотори; тахогенератори; чекорни мотори, линеарни мотори, машини со зголемена енергетска ефикасност и др.
Системи и уреди (енергетски преобразувачи) за напојување, управување и регулација на специјалните електрични машини. Техники на управување за подобрување на енергетската ефикасност на целиот систем.
Математички модели на специјалните електрични машини; методи и постапки за определување и анализа на карактеристиките на специјалните електрични машини.
Параметри, статички и динамички карактеристики на специјалните машини.
Компјутерска симулација, нумеричка пресметка и анализа на статичките и динамичките карактеристики на електричните машини со примена на различни методи и софтверски пакети (MATLAB, FEMM, PESIM и други).
Литература:
- J. F. Gieras, R. J. Wang, M. J. Kamper, „Axial Flux Permanent Magnet Brushless Machines“, Kluwer Academic Publishers, 2004.
- S. A. Nasar, I. Boldea, L. E. Unnewehr, „Permanent Magnet, Reluctance, and Self-Synchronous Motors“, CRC Press, 1993.
- T. J. E. Miller, „Brushless Permanent-Magnet and Reluctance Motor Drives“, Oxford Science Publications, 1989.
- R. Krishnan, „Switched Reluctance Motor Drives“, CRC Press, 2001.
- А.Emadi, „Energy-Efficient Electric Motors“, Marcel Deker, 2005.