10-Дигитално процесирање на сигнали (10-ДПС)
Студиска програма: 10-Дигитално процесирање на сигнали (10-ДПС)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии – академски, од областа на техничките науки и природно математички факултет.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа дигитално процесирање на сигнали
Дигитално процесирање на сигнали е во основа на целата денешна информатичка и комуникациска технологија и областите на нејзината примена постојано се шират, како на пример комуникациите, мултимедијата, компјутерските системи, роботика, медицината, економијата и многу други. Брзиот развој во производството и во користењето на дигиталните уреди и системи наметна потреба за кадар со поголемо теоретско знаење и дизајнерски вештини за развој на нови напредни системи и техники.
Оваа студиска програма е дизајнирана така што овозможува разбирање на основите на DSP, принципите, тековните апликации како и на новите трендови. Наменета е за:
- Студенти (со соодветен степен на квалификации) кои сакаат да ги зголемат своите можности за вработување во фирми кои се бават со проектирање на софтвер или хардвер и применуваат DSP технологии
- Студенти кои тежнеат да се здобијат со продлабочено теоретско знаење и квалификации релевантни за успешно занимавање со модерни DSP технологии
- Вработени во фирми кои применуваат процесирање на сигнали кои имаат потреба од формални квалификациии и сакаат да го прошират своето знаење во најразлични полиња на примени на DSP
- Инженери, дизајнери на хардвер и софтвер, менаџери како и планери во индустријата кои тежнеат кон продлабочено разбирање на сегашните пристапи во DSP технологијата и примените и имаат амбиција за проширување на областите на примена на методите на DSP.
Студиската програма има за цел да ги оспособи студентите:
- да ги имплементираат DSP техниките во нови области на примена
- да демонстрираат разбирање за теоретските проблеми во процесирање на звук, слика, видео
- да се здобијат со соодветна оспособеност за решавање на практични проблеми во сите домени на примена на DSP
- да покажат зрелост и оспособеност за следење на моментната состојба во истражувањата во некоја од специфичните области на DSP
| Задолжителни предмети | |||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | |
| ФЕИТ05010 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05001 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| 
 | Факултетски изборен 1 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 2 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| 
 | Факултетски изборен 3 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | |
| Вкупно | 30 | 15+0+0+15 | 900 | ||
| Изборни предмети | |||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | |
| ФЕИТ10026 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05023 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05004 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05005 
 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05025 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05002 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05022 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05024 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| ФЕИТ05006 | 6 | 3+0+0+3 | 180 | ||
| Задолжителни предмети | ||||||
| Код | Предмет | Кредити | Неделен фонд на часови | Вкупен расположив фонд на време (часови) | ||
| ФЕИТ00 | Магистерска работа | 20 | 0+0+0+20 | 600 | ||
| Изборни предмети | ||||||
| ФЕИТ10 | Истражувачки проект од областа на дигиталното процесирање на сигнали | 6 | 0+0+0+6 | 180 | ||
| 
 | 4 | 2+0+0+2 | 120 | |||
| Вкупно | 30 | 2+0+0+28 | 900 | |||










