Дигитално процесирање на видео
Предмет: Дигитално процесирање на видео
Код: ФЕИТ05005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: В.проф. д-р Зоран Ивановски
Содржина на предметната програма: Просторно и временско семплирање на видеосигналите, естимација и компензација на движење, филтрирање за потиснување на шумот, филтрирање базирано на компензација на движење.
Реставрација на дигитално видео, суперрезолуциски техники, деинтерлисинг, конверзија на семплирачката структура.
Компресија на слика и видео базирана на рамки. Видеокодирање базирано на содржина: кодирање на облици, кодирање на текстури, кодирање на објекти, кодирање базирано на знаење. Стандарди за компримирано видео. Техники за постпроцесирање за намалување на негативните ефекти на компресијата: Техники за детекција и естимација на компресиските артефакти, Техники за потиснување на компресиските артефакти,
Напредни техники за сегментација на видео и повеќе-нивовска репрезентација.
Видеостриминг, процесирање на видео во компресиски домен.
Дигитална телевизија.
Литература:
- Yao Wang, Joern Ostermann, and Ya-Qin Zhang, Video Processing and Communications, Prentice Hall, 2002
- M. Tekalp, Digital Video Processing, Prentice Hall, 1995
- Charles Poynton, Digital Video and HD: Algorithms and Interfaces, ELSEVIER Inc. 2nd ed., 2012
- V. Bhaskaran, K. Konstantinides, Image and Video Compression Standards, Kluwer Academic Publishers, 1997