Лични алати
Пријави се

Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали

Предмет: Напредни техники за дигитално процесирање на сигнали

Код: ФЕИТ05010

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+0+3

Наставник: вон. проф. д-р Димитар Ташковски

Содржина на предметната програма: Куса ревија на модели на сигнали. Дефиниција и основни својства на дискретните трансформации. Ортогонални дискретни трансформации: Фуриеoва (DFT), Hartley-ева(DHT), Karhunen-Loeve (KLT), косинусна (DCT), Преклопена (LOT), вејвлет (DWT), Walsh-Hadamard (WHT). Брзи алгоритми: концепт и одбрани примери.

Некои карактеристични примени на DSP во домен на трансформација: филтрирање, процена на спектар, кодирање, адаптивно филтрирање, процесирање со повеќе брзини.

Вовед во основната теорија на процесирање со повеќе брзини: децимација, интерполација и конверзија на брзината на дискретизација. Двоканални банки на филтри: банки на филтри со квадратно-огледална симетрија (QMF), банки на филтри со совршена реконструкција, параунитарни, биортогонални и банки на филтри со линеарна фаза. Решеткаста структура на банки на филтри со совршена реконструкција. Врска со банки на филтри со вејвлет трансформација. Лифтинг имплементација на вејвлет трансформација. Примена на вејвлети за анализа и компресија на сигнали .

Литература:

  1. D. F. Elliot and K. Ramamohan Rao, Fast Transforms: Algorithms, Analyses, Applications
  2. P.P. Vaidyanathan, Multirate Systems and Filters Banks
Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
ноември
« ноември 2024 »
повтсрчепесане
123
45678910
11121314151617
18192021222324
252627282930