Лични алати
Пријави се

5 - Проектен менаџмент (5-ПМ)

MK_flag.png UK_flag.png

Студиска програма: 5 - Проектен менаџмент (5-ПМ)

Траење: 1 година

Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС

Услови за запишување: Завршен прв циклус на студии – академски од земјава и странство.

Академски назив: Магистер по проектен менаџмент

Студиската програма едуцира стручни лица и академски граѓани кои би сакале да ја совладаат теоријата, практиката и алатките на проектниот менаџмент со цел да ги зголемат нивните професионални и стручни потенцијали кон новите технологии и комплексните проекти во новата економска и деловна околина. Програмата нуди широк опсег на стручни и истражувачки полиња вклучувајќи електротехника во сите домени, информатичка технологија, економија, договорен менаџмент, човечки ресурси и комуникациски вештини. Стекнатото знаење и вештини ќе е од полза на нивните компании кон креативност, иновации и успешно справување со проектите. Целна група се и дипломираните студенти од I циклус (додипломски) студии на: техничките факултети, факултетите кои негуваат хуманитарни, економски и правни науки, општо менаџмент како и факултети кои изучуваат менаџмент на животна средина. Сите тие ќе можат успешно да се вклопат и ќе навлезат во практичната димензија на проектите и нивната реализација без оглед на специфичностите и областа на примена.

Проектниот менаџмент е вид на компетентност која е во големо побарување во приватните компании, јавните стопански субјекти, како и јавната администрација. Така, магистрите по проектен менаџмент имаат големи можности за работа и напредок во кариерата и тоа како:

  • проект менаџери во голем број на компании и институции,
  • менаџери на иновативни и комплексни проекти (развој на нов производ, нови услуги и нов бизнис, проекти со голема интердисциплинарност, меѓународни проекти и сл.),
  • претприемачи или бизнис консултанти, како и да остварат
  • континуитет во можни докторанти на III циклус студии.

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ04016

Проектен менаџмент

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04019

Проектна анализа

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04010

Менаџмент на ризик

6

3+0+0+3

180

Изборен предмет 1

6

3+0+0+3

180

Изборен предмет 2

6

3+0+0+3

180

Вкупно

30

15+0+0+15

900

Изборни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ04007

Иновативни технологии и проектен менаџмент

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ08013

Методи за процена на ризик

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ12006

Основи на право за проектни менаџери

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ12001

е-Бизнис

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ12008

Софтверското инженерство и проектен менаџмент

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04021

Системи за менаџмент на квалитет

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04009

Менаџмент на животна средина

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04002

Водење проекти, менаџмент и претприемништво

6

3+0+0+3

180

3ФЕИТ04020

Проектна документација и проекти за обновливи извори на енергија

6 3+0+0+3 180

Задолжителни предмети

Код

Предмет

Кредити

Неделен фонд на часови

Вкупен расположив фонд на време (часови)

3ФЕИТ00

Магистерска работа

20

0+0+0+20

600

Изборни предмети

3ФЕИТ05

Истражувачки проект од областа на проектниот менаџмент

6

0+0+0+6

180

3ФЕИТ04001

Водење проекти и апликации во електротехниката

4

3+0+0+3

180

Универзитетски изборен предмет 4 2+0+0+2 120

Вкупно

34

5+0+0+31

1080