Менаџмент на ризик
Предмет: Менаџмент на ризик
Код: 3ФЕИТ04010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Вангел Фуштиќ
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде оспособен за разбирање, анализа и менаџирање на ризиците во проекти. Со организирано учење на техниките и вештините на идентификација и вреднување на ризиците, студентот ќе има знаење да одлучува дали да го пресретне, избегне или трансферира ризикот во насока на успешно спроведување на проекти. Студентот ќе биде оспособен и да ја индентификува разликата помеѓу ризикот и можноста и ќе може да донесува храбри одлуки во насока на искористување на можностите во проектите и бизнисот.
Содржина на предметната програма: Вовед во менаџмент на ризик. Современи трендови во развој на менаџмент на ризик. Типови и извори на ризикот. Можноста како средство за здобивање конкурентска предност. Фази на менаџмент на ризик. Идентификација на ризикот во проекти во различни гранки на индустријата. Документација каде се третираат ризиците. Квалитативна проценка и анализа на ризиците. Квантитативно вреднување на влијанијата на поедините ризици кон успешно спроведување на проектите. Проект менаџерот, проектниот тим и ризиците. Контролна листа за ризиците, нивно планирање, пресретнување и нивна контрола. Одлука за планирање на одговор на ризикот врз основа на трошокот за пресретнување и/или трансфер. Стратегии за пресретнување на ризикот. Контрола на ризикот и фактори на успех. Методи на менаџмент на ризик. Аспекти на CBA анализа. Случаи за анализа од праксата на реални проекти.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Т. Кендрик |
Идентификација и менаџирање на проектен ризик |
АМАКОМ |
2003 |
2 |
Г. Келер |
Проценка на ризик и донесување одлуки во бизнисот и иднустријата |
ЦРЦ Прес |
1999 |
3 |
Ј. Шулер |
Ризик и анализа на одлучување во проекти |
Институт за проектен менаџмент САД |
2001 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Стручни лица во менаџмент на ризик |
Часописи: Харвард Бизнис Ревија, Мрежа на проектен менаџмент, ИЕЕЕ технички менаџмент |
Харвард Бизнис Ревија, Институт за ПМ- УСА, ИЕЕЕ |
20016 |
2 |
В. Фуштиќ |
Успешни проекти - Случаи за анализа |
Центар за проектен менаџмент, ФЕИТ |
20016 |