Водење проекти и апликации во електротехниката
Предмет: Водење проекти и апликации во електротехниката
Код: 3ФЕИТ04001
Број на ЕКТС кредити: 4 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Невенка Китева Роглева
Цели на предметната програма (компетенции): Со завршување на овој курс студентот ќе биде охрабрен за претприемништво и иницирање проекти во техниката. Ќе биде запознаен со вештините: водење на технички проекти и изработка на проектен план со дефинирање на динамика на проектот. Студентот ќе ги усоврши вештините на комуникација во проектите (документација, преговарање и презентарање на проекти). Студентот ќе биде оспособен за менаџирање и мотивирање на членовите во тимот, разбирање на организациската култура, интерперсонални стратегии и развој на личен лидерски пристап.
Содржина на предметната програма: Дефиниција на проект и проектен менаџмент. Иницијализација на проект, проектна документација, Project Charter. Планирање, организирање и водење на проекти. Клучни субјекти во проектите. Организирање проектни тимови и водење во проекти. Параметри на проектен менџмент. Можности и ризици во проекти. Економски аспекти на проектите. Бизнис план и критериуми за успех на проектите. Реални проекти и апликации како случаи за анализа.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Robert J. Anderson, William A. Adams |
Mastering Leadership: An Integrated Framework for Breakthrough Performance and Extraordinary Business Results |
Wiley |
2015 |
2 |
Kaye Remington |
Leading Complex Projects |
Gower |
2011 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Scott Berkun |
Making Things Happen: Mastering Project Management |
O'Reilly |
2008 |