8 - Компјутерски мрежи - Интернет на нешта (8-КМ-ИНН)
Студиска програма: 8-Компјутерски мрежи - Интернет на нешта (8-КМ-ИНН)
Траење: 1 година
Број на ЕКТС кредити: 60 ЕКТС
Услови за запишување: Завршено прв циклус на студии (академски) на сродни студиски програми во земјата и во странство.
Академски назив: Магистер по електротехника и информациски технологии од областа компјутерски мрежи – интернет на нешта
За да ова се постигне во студиската програма, покрај неопходните аспекти за проектирање и реализација на компјутерски мрежни системи и уреди, ќе бидат опфатени и следните тековно многу актуелни аспекти и подрачја кои се вметнати во целите за развој на компјутерските технологии на Европската комисија:
- Развој на идни валидни модели за раководење и управување на Internet of things (IOT);
- Политички, економски и социјални придобивки од Internet of things (IOT);
- Internet of things (IOT) мобилни уреди во мрежи од следната генерација;
- Управување и распределба на фреквентниот спектар и Internet of things (IOT);
- Ад-хок граѓански апликации и архитектури;
- Раководење, стандарди и надежност;
- Етички норми и Internet of things (IOT);
- Заштита и безбедност на корисниците;
- Безбедност на уредите;
- Интелигентни системи и големи податочни множества;
- Напредна анализа на податоци со методи од машинско учење
Потребата од образовани кадри од подрачјето на Компјутерски мрежи е забележлива во академската и стручната јавност на универзитетите во светот, но е особено изразена во индустријата.
Наставната содржина на вториот циклус студии од Компјутерски мрежи ќе им овозможи на студентите стекнување на: вештини за анализа, проектирање и имплементација на интелигентни компјутерски мрежи и системи кои ги вклучуваат најновите технологии од повеќе области – компјутерски мрежи, сензори и сензорски системи обработка на податоци со помош на методи од машинско учење и вештачка интелигенција, информациони системи, бази на податоци, мултимедиски системи, игри и забава, како и оспособеност за работа во интередисциплинарни тимови врвни на светско ниво.
Во услови на перманентен научен и техничко-технолошки напредок се зголемува потребата за развој на Компјутерски мрежи – Internet of Things.
Студиите би им овозможиле на студентите и понатамошни сопствено неформално образование од областа на компјутерските мрежи и системи (курсеви, обуки,...), но и продолжување на своето формално образование на трет циклус на студии, докторски студии.
Магистрите по Компјутерски мрежи – Internet of Things ќе бидат оспособени за работа во сите сфери на едно модерно автоматизирано и информатичко општество, а пред се во здравството, транспортот, потрошувачката електроника, мобилни уреди и системи, потоа информатичките и телекомуникациските компании, компаниите кои произведуваат и сервисираат системи за мониторинг, компаниите кои се бават со автоматизирано производтство на материјални добра, транспорт и сл.
Овој модул создава кадар, кој сите овие сектори го препознаваат како фундаментално важен за нивниот успешен развој.
Магистрите по Компјутерски мрежи – Интернет на нешта особено може да придонесат во научно-истражувачката работа и наставната работа на Универзитетите, научните институти, истражувачките центри и др.
По завршувањето на оваа студиска програма кандидатите ќе можат:
- Да проектираат компјутерски мрежи и мрежни системи во сите подрачја на нивна примена: компјутерските технологии, медицината, транспортот, мултимедијата, индустријата за игри и забави и слично;
- Да развиваат нови области на примена и да ги усовршуваат постојните;
- Да можат да учествуваат во теоретското моделирање, симулација, развој и примена на системи и процеси во ова подрачје;
- Да можат рамноправно да учествуваат во врвните светски развојни интердисциплинарни тимови од подрачјето.
Задолжителни предмети - Програмата нема задолжителни предмети
ИЗБОРНИ ПРЕДМЕТИ Изборните предмети 1 и 2 се избираат од листата А. Изборните предмети 3 и 4 се избираат од листата А или од листата Б. Изборниот предмет 5 се избира од листата Б, или од листата на сите наставни предмети застапени на единицата на универзитетот. |
||||
|
||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
|
Изборен предмет 1 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 2 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 3 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 4 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборен предмет 5 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
Изборни предмети - Листа А *Задолжително се избираат најмалку два од предложените изборни предмети од листата А |
||||
3ФЕИТ07001 |
Безбедност и надежност на компјутерско комуникациски системи |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07003 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07006 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07021 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Изборни предмети - Листа Б ** Се избираат најмногу три од предложените изборни предмети од листата Б, зависно од бројот на избрани предмети од листата А |
||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
3ФЕИТ08001 | Апликативна теорија на графови |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07002 |
Интелигентни информациони системи и големи податочни множества |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07005 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07008 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ10019 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ11005 |
Напредни веб технологии и сервиси |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07009 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07011 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07013 |
Пресметувања со високи перформанси |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07014 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ08025 |
Применета алгебра |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07015 |
Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07016 |
Проектирање на паметни уреди за Интернет на нешта |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07017 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
3ФЕИТ07019 |
Складишта и наменска обработка на податоци |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
3ФЕИТ07020 |
6 |
3+0+0+3 |
180 |
|
Задолжителни предмети |
||||||
Код |
Предмет |
Кредити |
Неделен фонд на часови |
Вкупен расположив фонд на време (часови) |
||
3ФЕИТ00 |
Магистерска работа |
20 |
0+0+0+20 |
600 |
||
Изборни предмети |
||||||
3ФЕИТ08 |
Истражувачки проект од областа на компјутерските мрежи - интернет на нешта |
6 |
0+0+0+6 |
180 |
||
|
Универзитетски изборен предмет |
4 |
2+0+0+2 |
120 |
||
Вкупно |
30 |
2+0+0+28 |
900 |
|||