Моделирање и симулација – проценка на перформанси
Предмет: Моделирање и симулација – проценка на перформанси
Код: 3ФЕИТ07005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Доц. д-р Данијела Ефнушева, Доц. д-р Сања Атанасова
Цели на предметната програма (компетенции): Продлабочени познавања од подрачјето на аналитичко моделирање и симулации на компјутерски-комуникациски системи. Продлабочени познавања од подрачјето на проценка на перформанси на системи. Познавање на процесот на моделирање со употреба на чекачки системи, Маркови ланци и Петри мрежи. Примена на стекнатите познавања кај реални практични компјутерски-комуникациски системи и мрежи од сите можни типови.
Содржина на предметната програма: Процеси на раѓање и умирање. Општа теорија на чекачки системи. Едноставни чекачки системи со еден и повеќе сервери. Средно сложени чекачки системи со еден и повеќе сервери. Сложени чекачки системи со еден и повеќе сервери. Себе-слични процеси и нивни карактеристики. Меѓузависност со долг дострел и распределби со долги опашки. Чекачки мрежи. Уреди и системи кај кои е можна примена на анализа со чекачки системи и мрежи. Дискретно-настански симулатори и алатки за анализа на перформанси. Карактеристични практични примери. Процеси на обновување. Дискретни и континуирани Маркови ланци: примена. Процеси на гранање. Општи карактеристики на графови, проблем на најкраток пат, ефикасност на multicast и број на скокови во anycast група. Напредни поглавја од симулационо моделирање. Петри мрежи. Постапка за креирање симулација. Обработка и толкување на симулационите резултати.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
A. M. Law, W. D. Kelton |
"Simulation Modeling and Analysis, 3/e" |
McGraw-Hill |
2000 |
2 |
G. Bolch, S. Greiner, H. deMeer, K. Trivedi |
"Queueing Networks and Markov Chains: Modeling and Performance Evaluation with Computer Science Applications" |
John Wiley |
2006 |
3 |
J. Daigle |
"Queueing Theory with Applications to Packet Telecommunications" |
Springer |
2004 |