Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи
Предмет: Проектирање и анализа на повеќе-гигабитни безжични локални мрежи
Код: 3ФЕИТ07015
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Никола Рендевски
Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со практични и применливи аспекти од процесот на проектирање, анализа и детекција на проблеми кај гигабитните безжични локални мрежи во фреквентните подрачја на 2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz. Стекнување на вештини за избор на мрежна опрема, комуникациски стандарди и конфигурација на безжичната мрежна опрема во зависност од очекуваните перформанси, на сите нивоа од ISO/OSI референтниот модел.
Содржина на предметната програма: Стандардизациски тела (IEEE, IETF, ITU-R). Стандарди (Формални и Неформални). Процес на стандардизација. Краток вовед и верификација на практични знаења од областа на безжични/радио комуникации. Електромагнетни бранови, радио фреквенција. Аналогни и дигитални модулациски техники. Носител (Carrier). Пропагациски ефекти и нивно влијание врз перформансите на безжичен линк. Буџетирање на безжични линкови. Добивки, Загуби (од простирање, засенување, интерференција). Системска оперативна маргина (SOP). Антени и антенски конфигурации. Адаптивни антенски системи (Beamforming). Капацитет на безжичен линк. Информациска и кодна рата. Фреквентен опсег (Bandwidth) и канал (Channel). Безжичен пренос со повеќе носители. Вовед во OFDM. Пресметка на OFDM параметри и достигнување на гигабитни перформанси. MIMO-OFDM. IEEE 802.11 a/b/g/n/ac/ad (2.4 GHz, 5 GHz и 60 GHz). IEEE 802.15.3c. Интероперабилност помеѓу различните стандарди за безжични локални мрежи. Топологии. Контрола на пристап - MAC ниво кај 802.11/802.15 мрежите. Основен сервисен сет (BSS, IBSS, ESS). Техники за реализација на безбедност кај локалните и персонални безжични мрежи. Роаминг во безжични локални мрежи. Процес на проектирање: Анализа и комплексност на околина (физичка и виртуелна). Алатки. Техники за избор на канали и намалување на интерференција. Тестирање на перформанси. 802.11T (Wireless Performance Prediction). 802.11u – (Wireless Internetworking with External Networks – WIEN). Инфраструктурен хардвер и софтвер.Техники за детекција на проблеми во безжичните мрежни конфигурации (Troubleshooting) – Пристап: Симптом, дијагноза, решение. Алатки за проектирање и анализа.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Su-Khiong Yong, Pengfei Xia, Alberto Valdes-Garcia |
60 GHz technology for Gbps WLAN and WPAN: from theory to practice |
Wiley |
2012 |
2 |
Jim Geier |
Designing and Deploying 802.11 Wireless Networks: A Practical Guide to Implementing 802.11n and 802.11ac Wireless Networks For Enterprise-Based Applications |
Cisco Press |
2016 |
3 |
Eldad Perahia, Robert Stacey |
Next generation wireless LANs: 802.11n, 802.11ac, and Wi-Fi direct |
Cambridge University Press |
2013 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Ramjee Prasad |
OFDM for Wireless Communications Systems |
Artech House |
2004 |
2 |
Eldad Perahia, Robert Stacey |
Next Generation Wireless LANs: 802.11n and 802.11ac |
Cambridge University Press |
2013 |
3 |
Shahriar Emami |
UWB Communication Systems: Conventional and 60 GHz: Principles, Design and Standards |
Springer |
2013 |