Обработка на сензорски податоци во Интернет на нешта
Предмет: Обработка на сензорски податоци во Интернет на нешта
Код: 3ФЕИТ07011
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+0+0+3
Наставник: Проф. д-р Аристотел Тентов, Доц. д-р Христијан Ѓорески
Цели на предметната програма (компетенции): Работа со сензорски податоци и градење на наменски алгоритми за обработка на истите. Работа со Python алгоритми за автоматска обработка на сензорските податоци. Креирање на модели.
Содржина на предметната програма: Генерирање на многу податоци во реално време од IoT уреди. Складирање на податоците во Облак системи и автоматска обработка на сензорските податоци. Дефинирање на различни интерфејси кон складирање на податоци во облак систем (поим за магла и роса). Учење на шаблони на однесување на уредите и далечинско оптимизирање. Селективно складирање на податоците во Облак систем. Методи од областа на машинското Учење за анализа на податоците. Користење на RESTful структура и оптимизирање на протокот на информации. Имплементирање на алгоритмите и моделите со помош на Јава или Python околина (Weka, sklearn, tflearn, numpy, matplotlib, pandas).
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Qin, W.,”RestThing |
A Restful Web service infrastructure for mash-up physical and Web resources” |
EUC |
2011 |
2 |
Go,T.,Hirotsugu,G. |
“Machine Learning Applied toSensor Data Analysis” |
, Yokogawa Technical Report |
2016 |
3 |
Fei, H., Qi, H. |
"Intelligent Sensor Networks: The Integration of Sensor Networks, Signal Processing and Machine Learning" |
CRC Press |
2016 |