Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Мобилност Отворени повици за Еразмус програмите за мобилност

Отворени повици за Еразмус програмите за мобилност

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека се отворени повиците за аплицирање за програмите за мобилност JoinEUSEE (wwww.joineusee.eu) и BASILEUS IV (www.basileus.urgent.be). Аплицирањето за JoinEUSEE започнува на 9.11.2012 и трае до 15.03.2013 година, додека аплицирањето за програмата BASILEUS IV, која е во рамките на Erasmus Mundus Partnerships (Action 2), започнува од средината на ноември 2012 година и ќе трае до 15 март 2013 година.

Повеќе информации за програмите за мобилност и за начинот на аплицирање можете да добиете на линкот за мобилност на веб-страницата на ФЕИТ, како и на делот за стипендии на веб-страницата на УКИМ.