ФЕИТ и програмите за мобилност
Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – УКИМ, е вклучен и активно учествува во програмите за мобилност на студенти и наставен кадар: Erasmus LLP програма за доживотно учење и Erasmus Mundus Акција 2 – партнерства на Европската комисија.
Овие програми овозможуваат мобилност на студенти и наставен кадар од УКИМ на универзитетите партнери во Европа и обратно. Мрежите во кои учествува УКИМ се следните:
- JoinEU-SEE, координатор Универзитетот во Грац, Австрија;
- Basileus, координатор Универзитет Гент, Белгија;
- EUROWEB, координатор Универзитет Маралдален, Шведска;
- Еразмус, програма за мобилност на студенти
- Еразмус, програма за мобилност на наставен кадар
Подетални информации за секоја програма пооделно и за документите кои се потребни за апликација се достапни на интернет-страницата на УКИМ.
Координатор за Еразмус мобилност на ФЕИТ е проф. д-р Маргарита Гиновска (gmarga@feit.ukim.edu.mk).