Вовед во телекомуникации
1. Наслов на наставниот предмет |
Вовед во телекомуникации |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ10З009 |
|||||||
3. Студиска програма |
ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ, КХИЕ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Александар Ристески, Д-р Борислав Поповски, Д-р Валентин Раковиќ, Д-р Венцеслав Кафеџиски, Д-р Владимир Атанасовски, Д-р Зоран Хаџи-Велков, Д-р Лилјана Гавриловска, Д-р Марко Порјазоски, Д-р Перо Латкоски, Д-р Славче Пејоски, Д-р Томислав Шуминоски, Д-р Тони Јаневски |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
|
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните типови сигнали во комуникациските системи, нивните карактеристики и пренос на истите низ линеарни системи. Запознавање со поимите за информација и ентропија на извор на информација и ентрописко кодирање. Запознавање со основите на аналогна модулација и демодулација. Запознавање со шум и негово влијание врз аналогните модулации. Запознавање со основите на временската и амплитудната дискретизација. Запознавање со дигиталните модулациски постапки и влијанието на шумот врз преносот кај истите. Запознавање со основните медиуми за пренос. Запознавање со слоевита архитектура и телекомуникациски мрежи. Запознавање со основните протоколи и протоколи кои се користат во интернет. Запознавање со типовите на телекомуникациски мрежи и распознавање на нивните основни технички карактеристики. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Вовед во информациско-комуникациските технологии. Периодични и апериодични сигнали и нивен спектар. Преносна функција и импулсен одѕив на линеарен систем. Идеален пренос на телекомуникациски сигнали. Случајни сигнали. Основни типови на распределба на случајни сигнали. Корелациски функции и спектри на случајни сигнали. Извори на информации и поим за ентропија, ентрописко кодирање и постапки за оптимално кодирање. Поим за заштитно кодирање. Амплитудна и аглова модулација. Спектар и потребен пропусен опсег на амплитудно и аглово модулирани сигнали. Демодулација на амплитудно и аглово модулирани сигнали. Демодулација со детектор на анвелопа. Случаен шум. Бел Гаусов шум и негови карактеристики. Однос сигнал-шум во телекомуникациски системи. Теорема за земање на примероци. Импулсно амплитудна модулација (ИАМ). Рамномерна квантизација. Средна квадратна грешка на квантизација. Импусно кодна модулација (ИКМ) и пренос на ИКМ сигнали во основен опсег. Критериум за пренос без изобличување. Веројатност за појава на грешка при одлучувањето кај бинарни сигнали. Дигитални модулациски постапки. PAM, PSK, FSK, QPSK. Оптимален приемник за M-арни дигитални сигнали во присуство на Гаусов шум. Веројатност на грешка кај PAM и М-арни PSK и QAM. Медиуми за пренос: бакарни кабли, оптички влакна, слободен простор како медиум за пренос. Поим за капацитет на преносен канал. Мултиплексирање, комутација и повеќекратен пристап. Телекомуникациски мрежи. Слоевита архитектура на телекомуникациските мрежи. Комуникациски протоколи. Интернет протокол (IP). Формат на IP пакет. Типови на Интернет протокол и нивна споредба. Оптички мрежи. Основни типови на пристапни технологии (ADSL, DoCSiS, FTTx) и нивни карактеристики. Архитектура на мобилни телекомуникациски мрежи. Технички карактеристики на мобилни телекомуникациски мрежи (2G, 3G и 4G). Идни правци во информациско-комуникациските технологии. |
||||||||
12. Методи на учење: Интерактивни предавања и вежби, самостојни и групни проекти, домашни задачи, работилници и семинари. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
20 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
15 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
70 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
20 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
15 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
5 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
60 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 50 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 51 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Редовно посетување на наставата и аудиториските вежби и изработени лабораториски вежби. |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Интерна евалуација и анкети. |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
J. G. Proakis, M. Salehi |
Communications systems engineering |
Prentice Hall |
2002 |
||||
2 |
Ray Horak |
Telecommunications and Data Communications Handbook |
Wiley-Interscience |
2008 |
||||
3 |
T. Anttalainen, V. Jääskeläinen |
Introduction to Communication Networks |
Artech House |
2014 |
||||
22.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Б. П. Латхи |
Современи дигитални и аналогни комуникациски системи |
Oxford University Press |
1998 |
||||
2 |
Тони Јаневски |
Интернет технологии |
Интерна скрипта на ФЕИТ |
2007 |
||||
3 |
A. L. Garcia |
Communication Networks: Fundamental Concepts and Key Architectures |
Mcgraw-Hill |
2003 |