Лични алати
Пријави се

Ветерни електрични централи

1.    Наслов на наставниот предмет

Ветерни електрични централи

2.    Код

3ФЕИТ04З002

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

IV/7

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Софија Николова-Поцева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување стручни знаења за експлоатацијата, управувањето и интегрирањето на ветерните електрични централи во ЕЕС. Студентот е оспособен за користење на современи методи за одредување на очекуваното производство на електрична енергија од ветерни електрични централи.

11.    Содржина на програмата: Ветерни електрични централи (ВЕЦ) и нивни составни компоненти. Концепти за конверзија на енергијата на ветерот во електрична. Вертикална распределба на брзината на ветерот. Ефекти кои влијаат врз искористливиот енергетски потенцијал на ветерот. Статистички модели за анализа на податоците на ветерот. Пристапи базирани на Вејбулова и Рејлиева распределба за проценување на расположливиот енергетски потенцијал на ветерот на потенцијална локација. Енергетска карактеристика и карактеристични области на работа на ветерна турбина. Фактор на капацитет. Моделирање на енергетска карактеристика на ветерна турбина. Одредување на произведена електрична енергија од ВЕЦ. Анализа на различни сценарија на распоред на ветроагрегати во ВЕЦ и нивна споредба од аспект на очекуваното производство на електрична моќност. Систем за управување на ВЕЦ. Интегрирање на ВЕЦ во ЕЕС. Стратегии за регулација на реактивната моќност и напонот. Механизми за подржување на ВЕЦ. Искуства на земји со високо ниво на пенетрација на ВЕЦ во системот. Хибридни енергетски системи со интегрирани ВЕЦ.

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери и примена на специјализиран софтвер за пресметки и анализи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на наставата.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

B.Fox, D.Flynn, L.Bryans, N.Jenkins, D.Milborrow, M. O’Malley, R.Watsn, O.Anaya-Lara

Wind Power Integration:Connection and System Operational Aspects

The Institution of Engineering and Technology, United Kingdom

2007

2

Gary L.Johnson

Wind Energy Systems

Electronic Edition, Manhattan, KS

2006

3

Santhyajith Mathew

Wind Energy: Fundamentals, Resource Analysis and Economics

Springer

2006

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

T.Burton, D.Sharpe, N.Jenkins, E.Bossanyi

Wind Energy Handbook

John Wiley & Sons

2001

2

Vaugh C. Nelson

Wind energy: Renewable Energy and the Environment

Taylor & Francis Group

2009