Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Теорија на автоматско управување 1

Теорија на автоматско управување 1

1.    Наслов на наставниот предмет

Теорија на автоматско управување 1

2.    Код

3ФЕИТ01Л021

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ, ЕЕС, ЕЕУМ, КСИАР, КТИ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

II/4

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Елизабета Лазаревска

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основите на теоријата на линеарните континуални системи на автоматско управување и стекнување на знаења со кои студентот ќе може да врши анализа на овој тип на системи.

11.    Содржина на програмата: 1. Вовед - Основни поими и дефиниции, примери, поделба и математички модели на системи. 2. Анализа на линеарните континуални системи: Претставување во временско и комплексно подрачје, поим за преносна функција, структурни блок-шеми и алгебра на блок-шемите. 3. Карактеристики на линеарните континуални системи во временски и фреквенциски домен. 4. Поведение на линерните континуални системи во преоден и стационарен режим:  Компоненти на одѕивот, показатели на квалитетот во преодниот и стационарен режим. 5. Општи принципи на работа на системите за автоматско управување (САУ): Типични управувачки закони кај континуалните САУ.  Динамика на управуваниот процес. 6. Стабилност на линеарните контунуални САУ: Алгебарски и фреквенциски критериуми. ГМК. 7. САУ во просторот на состојби. 8. Поим за повеќевеличински системи.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

2 + 2 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

30

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

45

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

45

16.3. Домашно учење

60

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

30

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 49 бодови

5 (пет) (F)

од 50 до 59 бодови

6 (шест) (E)

од 60 до 69 бодови

7 (седум) (D)

од 70 до 79 бодови

8 (осум) (C)

од 80 до 89 бодови

9 (девет) (B)

од 90 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

успешно завршени лабораториски вежби

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Норман С. Нисе

Системи на автоматско управување

Скопје,  Датапонс (превод на македонски)

2013

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Е. Лазаревска

Збирка решени задачи по предметот Теорија на автоматско управување 1

ФЕИТ - Скопје

2015

2

Е. Лазаревска

Лабораториски практикум по Теорија на автоматско управување 1

ФЕИТ - Скопје

2015