Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Системи за дигитално процесирање на сигнали

Системи за дигитално процесирање на сигнали

1.    Наслов на наставниот предмет

Системи за дигитално процесирање на сигнали

2.    Код

3ФЕИТ05Л036

3.    Студиска програма

КХИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/6

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Димитар Ташковски

9.    Предуслов за запишување на предметот

Ислушани: Дигитално процесирање на сигнали

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Курсот има за цел да го воведе студентот во техниките за процесирање на сигнали со различни брзини, концепт кој наоѓа примена во голем број на апликации како и да го запознае со основи алатки и хардвер за процесирање во реално време.  По завршување на курсот студентот ќе: - покажува разбирање и оспособеност за решавање на практични проблеми каде процесирањето се врши со различни брзини (мултирезолуција); - може да прави разлика при процесирање на нестационарни сигнали; - може оптимално да ги имплементира основните алгоритми за дигитално процесирање на сигнали; - има основни познавања потребни за имплементација на алгоритмите на хардвер за ДПС

11.    Содржина на програмата: Мултифреквенциски дигитални системи. Основни операции: децимација и интерполација. Банки на филтри за анализа и синтеза. Полифазна репрезентација. Ефикасни структури за филтри за децимација и интерполација. Примена на мултифреквенциските дигитални системи. Максимално децимирани банки на филтри. Полифазна репрезентација. Совршена реконструкција. Банка на филтри во структура на дрво. Банка на филтри со совршена реконструкција и линерна фаза.  Анализа на нестационарни сигнали. Дискретна Фуриеова трансформација со прозорец. Вејвлет трансформација. Имплементација на ДСП алгоритми. Процесирање на сигнали со NI DSP Speedy 33. Архитектура на NI DSP Speedy 33. Имплементација на основни операции на NI DSP Speedy 33.

12.    Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби, подржани со презентации и визуелизација на концептите, активно учество на студентите преку тестови и задачи за решавање на час, проектни задачи.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

20

17.3. Активност и учење

10

17.4. Завршен испит

70

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавањата и аудиториските вежби и успешно завршени лабораториски вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Mitra Sanjit K.

Digital Signal Processing:A Computer-Based approach, 2 edition

McGraw Hill

2001

2

P. P. Vajdijanatan

Multirate Systems and Filter Banks

Prentice Hall

1993