Електромагнетни бранови и антени
1. Наслов на наставниот предмет |
Електромагнетни бранови и антени |
|||||||
2. Код |
3ФЕИТ05З017 |
|||||||
3. Студиска програма |
КХИЕ |
|||||||
4. Организатор на студиската програма |
Факултет за електротехника и информациски технологии |
|||||||
5. Степен |
Прв циклус студии |
|||||||
6. Академска година/семестар |
III/5 |
7. Број на ЕКТС |
6.00 |
|||||
8. Наставник |
Д-р Лидија Ололоска-Гагоска |
|||||||
9. Предуслов за запишување на предметот |
Положени: Математика 1 |
|||||||
10. Цели на предметната програма (компетенции): Запознавање со основните својства на електромагнетните бранови во слободен простор и водени електромагнетни бранови. Запознавање и разработка на постапки за анализа на системите за електромагнетно зрачење. Оспособеност за анализа и решавање на низа практични проблеми сврзани со простирањето на електромагнетните бранови и електромагнетното зрачење. Користење на современи електромагнетни симулатори. |
||||||||
11. Содржина на програмата: Максвелови равенки и вовед во простирањето на електромагнетни бранови. Основни својства на рамнински бранови во хомоген и идеален диелектрик. Поинтингов вектор. Рамнински бранови во полупроводна средина. Групна брзина. Продирање на бранови во проводници. Одбивање и прекршување на бранови. Простирање во хомогено јонизирани средини. Простирање во континуирано нехомогени средини. Компјутерска симулација на простирањето на рамнинските бранови низ нехомогени средини. ТЕМ бран во совршен вод. Равенки на совршен вод. Равенки на вод во несовршена средина. Равенки на реален вод. Примарни и секундарни параметри на вод. Херцов дипол. Блиска зона и зона на зрачење. Поле во зоната на зрачење од произволно распределени струи. Влијание на земјата. Линеична антена. Карактеристична функција на зрачење, отпорност на зрачење и засилување на антена. Приемна антена. Антенски низи, анализа и моделирање на истите. Компјутерска симулација на карактеристиките на зрачење на антена и антенски системи. |
||||||||
12. Методи на учење: Активно учество во наставата и вежбите, изработка на домашни и лабораториски задачи и семинарски работи. |
||||||||
13. Вкупен расположив фонд на часови |
3 + 1 + 1 + 0 |
|||||||
14. Распределба на расположивото време |
180 |
|||||||
15. Форми на наставните активности |
15.1. Предавања – теоретска настава |
45 |
||||||
15.2. Вежби, семинари, тимска работа |
30 |
|||||||
16. Други форми на активност |
16.1. Проектни задачи |
30 |
||||||
16.2. Самостојни задачи |
20 |
|||||||
16.3. Домашно учење |
55 |
|||||||
17. Начини на оценување |
17.1. Тестови |
0 |
||||||
17.2. Семинарска работа/проект |
20 |
|||||||
17.3. Активност и учење |
30 |
|||||||
17.4. Завршен испит |
50 |
|||||||
18. Критериуми за оценување |
до 49 бодови |
5 (пет) (F) |
||||||
од 50 до 60 бодови |
6 (шест) (E) |
|||||||
од 61 до 70 бодови |
7 (седум) (D) |
|||||||
од 71 до 80 бодови |
8 (осум) (C) |
|||||||
од 81 до 90 бодови |
9 (девет) (B) |
|||||||
од 91 до 100 бодови |
10 (десет) (A) |
|||||||
19. Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Изработка на лабораториските вежби |
|||||||
20. Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски и Англиски |
|||||||
21. Метод на следење на квалитетот на наставата |
Самоевалуација и анкети |
|||||||
22. Литература |
||||||||
22.1. Задолжителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
Љ. Јанев |
Електромагнетика 2 |
ЕТФ, Скопје |
1996 |
||||
2 |
Ј. Сурутка |
Електромагнетика |
Академска мисао, Београд |
2006 |
||||
22.2. Дополнителна литература |
||||||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||
1 |
M. N. O. Sadiku |
Elements of Electromagnetics |
Saunders College Publishing |
1994 |