Лични алати
Пријави се

Електрични централи

1.    Наслов на наставниот предмет

Електрични централи

2.    Код

3ФЕИТ04З004

3.    Студиска програма

ЕЕУМ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Софија Николова-Поцева

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Стекнување стручни знаења за процесите и начините за добивање електрична енергија од термоелектрични и хидроелектрични централи, знаење за основните постројки во состав на поодделни типови на електрични централи – нивната улога и ефикасност, како и начините за поврзување на електричните централи со електроенергетскиот систем.

11.    Содржина на програмата: Типови на хидроелектрични централи и нивни главни составни компоненти. Енергетски процеси во хидроелектрични централи. Принцип на работа и класификација на хидротурбини. Избор на тип на хидротурбина. Дифузор. Кавитација. Хидроуличен удар. Пумпно-акумулациони постројки. Термоелектрични централи (ТЕЦ). Термодинамички процеси во термоелектрични централи. Основна технолошка шема и главни елементи на ТЕЦ. Енергетски процеси во кондензациони електрични централи (КЕЦ). Коефициенти на корисно дејство кај КЕЦ. Методи за подобрување на термичкиот коефициент на корисно дејство. Економична распределба на оптоварување кај ТЕЦ реализирани според различни видови на шеми. Помошни постројки во КЕЦ. Распоред на постројките и опремата во хидроелектрични и термоелектрични централи. Електрични шеми на електричните централи. Шеми на сопствени потреби кај електричните централи.

12.    Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери и посета на електричните централи во Р. Македонија.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 2 + 0 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

30

16.2. Самостојни задачи

30

16.3. Домашно учење

45

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

35

17.2. Семинарска работа/проект

10

17.3. Активност и учење

5

17.4. Завршен испит

50

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Редовно посетување на предавањата и аудиториските вежби.

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Арсен Арсенов

Производство на електрична енергија

ЕТФ – Скопје

1996

2

Allen J. Wood, Bruce F. Wollenberg, Gerald B. Sheblé

Power Generation, Operation and Control

John Willey & Sons

2013

3

Арсен Арсенов

Електричен дел на електрични централи

ЕТФ – Скопје

2003

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

H. Pozar

Osnovi energetika 1 i 2

Skolska knjiga

1988

2

IEEE Transaction on Power Systems

Одбрани трудови од списанието

IEEE Press – USA