Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ Електрични генератори и трансформатори

Електрични генератори и трансформатори

1.    Наслов на наставниот предмет

Електрични генератори и трансформатори

2.    Код

3ФЕИТ02З005

3.    Студиска програма

ЕАОИЕ

4.    Организатор на студиската програма

Факултет за електротехника и информациски технологии

5.    Степен

Прв циклус студии

6.    Академска година/семестар

III/5

7.    Број на ЕКТС

6.00

8.    Наставник

Д-р Крсте Најденкоски

9.    Предуслов за запишување на предметот

 

10.    Цели на предметната програма (компетенции): Детално познавање на конструктивните делови и материјалите од кои се изработени генераторите и трансформаторите. Запознавање со функционирањето на електричните генератори и трансформатори. Оспособеност за избор на генератори и трансформатори, според нивното место во електроенергетскиот систем, како и за анализа на нивните карактеристики.

11.    Содржина на програмата: Основни поими за генератори. Видови на генератори. Конструктивни особености на поедините видови генератори (синхрони, асинхрони). Турбогенератори и хидрогенератори. Асинхрони генератори. Микрогенератори. Математички модел. Фазорски дијаграми. Синхрони реактанси. Синхронизација. Дијаграм на оптоварување. Стабилност и статичка преоптоварливост. Автономна работа на генераторите. Паралелна работа на генераторите на мрежа при константна моќност и при константна возбуда. Основни конструктивни карактеристики на дистрибутивните и енергетските трансформатори. Магнетен и електричен систем. Дополнителна опрема и уреди. Поделба на трансформаторите. Режими на работа: празен од, оптоварување, куса врска. Еквивалентна шема. Шеми и групи на соединување на трофазни трансформатори. Паралелна работа. Енергетска ефикасност на трансформаторите.

12.    Методи на учење: Интерактивни предавања, аудиториски и лабораториски вежби.

13.    Вкупен расположив фонд на часови

3 + 1 + 1 + 0

14.    Распределба на расположивото време

180

15.    Форми на наставните активности

15.1. Предавања – теоретска настава

45

15.2. Вежби, семинари, тимска работа

30

16.    Други форми на активност

16.1. Проектни задачи

0

16.2. Самостојни задачи

0

16.3. Домашно учење

105

17.    Начини на оценување

17.1. Тестови

0

17.2. Семинарска работа/проект

0

17.3. Активност и учење

0

17.4. Завршен испит

100

18.    Критериуми за оценување

до 50 бодови

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бодови

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бодови

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бодови

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бодови

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бодови

10 (десет) (A)

19.    Услов за потпис и полагање на завршен испит

Реализирани активности 15.1 и 15.2

20.    Јазик на кој се изведува наставата

Македонски и Англиски

21.    Метод на следење на квалитетот на наставата

Интерна евалуација и анкети

22.    Литература

22.1. Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. E.Фитџералд, Чарлс Кингсли

Електрични машини

McGraw-Hill Science/Engineering/Math; 6 ed

2002

2

Јон Болдеа

Електрични генератори

CRC Press

2005

22.2. Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Ray Arnold, Martin Heathcote

J & P Transformer Book

Newnes

2007