Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ За Факултетот Мисија на ФЕИТ Изјава за мисија

Изјава за мисија

Наша стратешка определба е да се развиваме и понатаму како водечка образовна и научно-истражувачка институција во Република Македонија на полето на електротехниката и новите технологии.

Обезбедувајќи перманентна технолошка иновација, квалитет и креативност во наставните програми, остваруваме континуирано образование на стручни, креативни и претприемчиви индивидуи, кои не само што ќе работат успешно во својата професионална ориентација, туку и ќе создаваат нова работа и афирмираат нови можности и откриваат нови хоризонти. Нашата образовна мисија ја остваруваме со додипломските и последипломските студии со развивање на интензивна комуникација со студентите, Универзитетот и врвните слични институции во светот како и со “бизнисот” и стопанството.

Постигнувајќи постојан успех во научно-истражувачката работа на домашен и меѓународен план, нашата научно-истражувачка мисија ја остваруваме со докторските дисертации и бројните меѓународни научно-истражувачки проекти.

Создавајќи услови за трансфер на знаење и технологија ние даваме силна подршка на технолошкиот и економски одржлив развој на нашето стопанство.