Заземјување, професионален ризик и безбедност во ЕЕП
Предмет: Заземјување, професионален ризик и безбедност во ЕЕП
Код: ФЕИТ04Л016
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+2+0+0
Институт: Електрични централи и разводни постројки
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Mатематика 1, Oснови на електротехника 1, 2
Ислушани: Основи на електроенергетика
Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување знаења за можните опасности од високи напони и струи и обезбедување на услови за електробезбедност во електроенергетските објекти. Споособност за пресметка и димензионирање на сложени заземјувачки системи и проценка на ризикот од несреќи во електроенергтските постројки.
Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби со решавање на практични примери, анализа на техничка документација и посета на разводни постројки, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Методи за пресметка на единечни и сложени заземјувачи во еднослојна и двослојна средина. Пресметка на распределба на потенцијалите. Поврзани заземјувачи, заедничко и одвоено погонско и заштитно заземјување.Проблеми со изнесување на потенцијали од електроенергетските постројки. Третман на неутралната точка во разводните постројки. Мерки за заштита од опасен напон на допир и чекор во електроенергетските постројки. Модели за пресметка на ризик од несреќи во разводни постројки. Човековото тело како дел од струен круг,праг на вентрикуларна фибрилација. Зони на ризик во електроенергетски постројки. Типови на заземјување и основни карактеристики на замјувачките системи. Опасности од електрична струја и прописи за дозволени напони на допир и чекор. Методи за мерење и определување на специфичниот отпор на земјата. Технички и организациони мерки за електробезбедност во ЕЕП.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Мито Златаноски |
Заземјување и ризик од несреќи во разводни постројки – скрипта |
ФЕИТ – Скопје |
2010 |
2 |
Ј. Nahman |
Uzemljenje neutralne tacke distributivnih mreza |
Naucna kniga |
2000 |
3 |
А. Илиев |
Производни и разводни постројки – Збирка решени задачи |
ЕТФ – Скопје |
1996 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
H. Pozar |
Visokonaponska rasklopna postrojenja |
Tehnicka knjiga Zagreb |
1995 |
2 |
IEEE Transaction on Power Systems |
Одбрани трудови од списанието |
IEEE Press – USA |
1990-2011 |