Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи
Предмет: Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи
Код: ФЕИТ093010
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Математика 1 и 2. Основи на електротехника 1 и 2. Ислушани: Математика 3. Теорија на електрични кола.
Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање на опасностите од напон на допир и чекор во согласност со прописите кај нас и во светот, како и оспособеност за пресметка, димензионирање и проектирање на заземјувачи и заземјувачки системи.
Методи на учење: Предавања и вежби со презентации и симулации, интерактивност на часовите, домашни задачи и изработка на проектни задачи.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Област на изучување. Задача и основни карактеристики на заземјувачите и заземјувачките системи (ЗС) во електроенергетските мрежи (ЕЕМ). Моделирање концентрираните заземјувачи. Заемно влијание на блиските заземјувачи. Нумеричко решавање на концентрираните заземјувачи. Примена на готови софтверски алатки. Надземни водови како елементи на ЗС. Заземјувачи на столбовите и трафостаниците за висок и среден напон. Типски решенија и нивни карактеристики. Ударна импеданција. Модел на ЗС на надземен вод, детално и приближно моделирање. Редукционен фактор. Енергетски кабли како елементи на ЗС. Модел со распределени параметри и модел со еквивалентен четворокрајник. Редукционен фактор. Извезување на потенцијалот. Останати видови концентрирани заземјувачи во ЕЕМ. Сложени ЗС во ВН преносни мрежи. Пресметка на распределбата на потенцијалите и струите на земјоспој. ЗС на СН дистрибутивни мрежи, третман на неутралната точка, практика, препораки, техничка регулатива. Современи нумерички постапки за решавање на ЗС.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Р. Ачковски |
Заземјувачи и заземјувачки системи во електроенергетските мрежи (интерна скрипта) |
ФЕИТ, Скопје |
2008 |
2 |
J. Nahman |
Uzemljenје neutralne tačke distributivnih mreža |
Naučna knjiga, Beograd |
1980 |
3 |
L. L. Grigsby |
The Electric Power Engineering Handbook, part: Substation Grounding |
CRC PRESS, IEEE PRESS |
2001 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
- |
Технички препораки, правилници и стандарди |
- |
- |
2 |
Д. Рајичиќ |
Вовед вo дистрибутивни електроенергетски системи |
ЕТФ, Скопје |
1995 |