Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Вовед во наноматеријали и нанотехнологии

Вовед во наноматеријали и нанотехнологии

Предмет: Вовед во наноматеријали и нанотехнологии

Код: ФЕИТ083015

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предметната програма (компетенции) : Познавање и разбирање на новите материјали и технологии во подрачјето на компјутерското инженерство

Методи на учење: Лабораториски вежби, практична работа и настава.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед во физика на материјалите – физика на тврдо тело и кондензирана материја. Класификација на наноматеријалите - специфики на внатрешната архитектура и мезоскопски својства. Видови наноматеријали – полупроводнички материјали, материјали со уникатни својства, течнокристални материјали, јаглеродни наноцевки, квантни точки, нови магнетни материјали, интелегентни материјали и др. Физички својства и техники за карактеризација на наноматеријалите. Современи технологии за добивање на материјали со уникатни својства и наноструктури. Примена на наноматеријалите во современите компјутерски архитектури – мемориски единици, процесори и други уреди (CMOS и SOI MOSFET во микропроцесори, микроконтролери, статички RAM, VLSI и ULSI чипови, DRAM, во RSFQ дизајн на процесори, нова генерација MD и FMD и др). Перспективи во развојот на наноматеријалите и нанотехнологиите.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

С.Т. Торнтон,

Е. Рекс

“Модерна физика”

Табернакул

2010

2

C. C. Koch

Nanostructured materials: processing, properties and applications

William Andrews

2007

3

A.S. Edelstein, R.C.  Cammarata

 

“Nanomaterials – synthesis, properties and applications”,

Institute of Physics Pub.,

1998

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

С. Стоименов

 

Физика на нови материјали

ПМФ,

2004

2

V.V. Mitin ,

V.A. Kochelap,

M.A. Stroscio

Introduction to nanoelectronics: Sceince, Nanotechnology, Engineering and Applications, -

Cambridge,

2008