Водење и управување на подвижни објекти
Предмет: Водење и управување на подвижни објекти
Код: ФЕИТ013018
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Изучување на современите методи за водење и управување на објекти во простор. Способност за истражувачки и развојни проекти во оваа област.
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи, проектни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Модел на Земјата и координатни системи. WGS84 стандард. Кинематички и динамички равенки на движење на објектите во тродимен-зионалниот простор. Динамички модели на подвижни објекти: авион, ракета, хеликоптер, квадротор. Стабилност и управливост на подвижните објекти. Структура и елементи на системите на управување, автопилоти, сензори и актуатори. Системи на управување со ориентацијата и позицијата на објектите. Примена на класични и современи методи за синтеза на системите на управување со движењето. Навигациски системи на подвижните објекти: инерцијални навигациски системи, сателитски навигациски системи (GPS), сметачка и визуелна навигација. Интеграција на сателитските и останатите навигациски системи. Системи на водење: методи на водење, системи на далечинско водење, системи на самоводење, автономни системи на водење. Методи за синтеза на законите на водење. Закони на водење базирани на инверзни модели на движењето. Водење на објекти во формација. Симулација на системите на водење и управување: развој на комплетни (6DOF) симулациски модели и симулација со примена на програмскиот пакет MATLAB/SIMULINK. Концепти на Hardware-in-the-loop симулација и тестирање на системите на водење и управување
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Zarchan P. |
Tactical and Strategic Missle Guidance |
American Institute of Aeronautics and Astronautics |
1997 |
2 |
Farrell J.A. |
The Global Positioning System & Inertial Navigation |
McGraw Hill |
1999 |
3 |
Chatfield, A.B. |
Fundamentals of High Accuracy Inertial Navigation |
American Institute of Aeronautics and Astronautics |
1997 |