Вгнездени микрокомпјутерски системи за работа во реално време
Предмет: Вгнездени микрокомпјутерски системи за работа во реално време
Код: ФЕИТ05Л020
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: Ислушани: Електроника 1*
Цели на предмететната програма (компетенции) : Ги разбира процесите при проектирање на вгнезден систем и ги разбира проблемите поврзани со работа во реално време. Познава современ микроконтролер за аплицирање во практиката. Владее со алати (CAD) за проектирање хардвер и софтвер за вгнездени системи. Умее да проектира едноставни до малку сложени системи.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, семинарски задачи/проекти.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед – дефиниција на вгнезден систем, примери, општ тек на дизајн на вгнезден систем; вгнездени системи базирани на ARM архитектурата – јадро, интерни компоненти (меморија, такт единица), периферии (дигитален В/И, контролер за прекини, тајмер, ИШМ, А/Д и Д/А, асинхрона и синхрона сериска комуникација, други периферии); хардверско-софтверски прашања; прекини и програмирање, реалновременски проблеми; оперативни системи за реално време, пример на RTOS, алати за развој, дебагирање и тестирање.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Arnold S. Berger |
Embedded Systems Design |
CMP Books |
2002 |
2 |
David Simon |
An Embedded Software Primer |
Pearson Education |
2005 |
3 |
Trevor Martin |
LPC ARM book |
Hitex Ltd. |
2006 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Jean Labrose |
μC/OS-II, The Real-Time Kernel |
Micrium press |
1999 |
2 |
Петер Марведел |
Вградени системи |
Влада на РМ |
2010 |
3 |
Разни автори |
Упатства за софтвер, Application notes |
Интернет страни |
тековна |
* Предусловот „Ислушани: Електроника 1“ се применува само за студентите запишани на студиската програма Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ).