Вгнездени комуникациски системи
Предмет: Вгнездени комуникациски системи
Код: ФЕИТ10Л040
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Предуслов за запишување на преметот: положени: примена на оперативни системи во телекомуникациите, ислушани: телекомуникациски мрежи
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со вмременски тригерирани комуникации. Детална анализа на омрежени вгнездени системи користејќи реални апликации. Запознавање со релевантни протоколи за вгнездени комуникациски системи. Практични ограничувања при имплементација на TCP/IP протоколен стек во вгнездени системи. Дизајн и имплементација на вгнездени комуникациски системи.
Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, поканети предавања на експерти од индустрија Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Поим за вгнездени комуникации (embedded communication). Разлики помеѓу комуникација за генерални цели и комуникација за тесни, затворени потреби. Клучни концепти кај вгнездени комуникации (настански наспроти состојбено базирани комуникации, пронаоѓање на најсоодветен протокол за работа во реално време, детекција на грешка и дијагностика). Комуникациска архитектура на вгнездени системи. Топологии кај вгнездени комуникации. Дистрибуирана зависност. Редундантност. Преживливост и одржливост. Формални методи за верификација на комуникациските протоколи за вгнездени комуникации. Расположливи алатки, техники и метрики.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
R. Obermaisser |
Time-Triggered Communication (Embedded Systems) |
CRC Press |
2011 |
2 |
S. Scaglia |
The Embedded Internet: TCP/IP Basics, Implementation and Applications |
Addison-Wesley |
2007 |