Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Управување и мониторинг на електроенергетски објекти

Управување и мониторинг на електроенергетски објекти

Предмет: Управување и мониторинг на електроенергетски објекти

Код: ФЕИТ04З018

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: Ислушани предметите: Автоматско управување, Производство на електрична енергија, Разводни постројки

Цели на предмететната програма (компетенции) : Стекнување стручни знаења за управувачките системи во објектите на ЕЕС, нивната динамика и проектирање на функциите на управување и мониторинг.

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, аудиториски вежби, анализа на техничка документација за реални управувачки системи во ЕЕО, стручни предавања на инженери од практиката, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Системи за управување и мониторинг во ЕЕО. Значење на ИКТ за воведување нови системи на управување во ЕЕС. Стандардизација и нивои на управување. Функционални карактеристики на опремата. Помошни системи во постројките. Управување на термоенергетски блок (котел-турбина-генератор). Управување со агрегатите во хидроелектрична централа. Управување на нуклеарни централи. Управување и мониторинг во електроенергетски разводни постројки на висок, среден и низок напон. Услови за миграција кон стандардот IEC 61850. Управување со трансформаторски постројки во ЕЕС. Динамика на интерконекција на поврзани ЕЕС. Улога на Управувањето при регулација на активна моќност и фреквеција во ЕЕС. Автоматско фреквентно растоварување. Регулација на реактивна моќност и напон во електрични централи и електроенергетски постројки. Техноекономски и бизнис аспекти за воведување современи управувачки системи во објектите на ЕЕС.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Klaus- Peter Brand

Substation Automation Handbook

Utility Automation Consulting

2003

2

J. Northcote-Green, R. Wilson

Control and Automation of Electrical Power Distribution Systems

CRC Taylor and Francis Group

2007

3

В. Фуштиќ

Управување на ЕЕО, интерна скрипта

ЕЦРП - ФЕИТ

2011

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

N. Morris

Control Engineering

McFraw Hill

1991