Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Управување и диспечинг во ЕЕС

Управување и диспечинг во ЕЕС

Предмет: Управување и диспечинг во ЕЕС

Код: ФЕИТ093019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Преносни електроенергетски системи

Предуслов за запишување на преметот: Ислушан: Компјутерски методи за анализа на стационарни режими во ЕЕС

Цели на предмететната програма (компетенции): Стекнување на знаења од управување и диспечирање во електроенергетските системи сообразно со алгоритмите и практиките вклучени во современите технички системи на управување. По завршувањето на курсот, студентите ќе бидат оспособени за проширување и продлабочување на стекнатите знаења од управување и диспечирање во електроенергетските системи, како и изучување на документацијата во дипечерски центар.

Методи на учење: Предавања Предавања, аудиториски вежби и консултации, самостојно учење, изработка на семинарски работи и самостојни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Општо за диспечерското управување во електроенергетските системи (ЕЕС): Задачи на диспечерското управување; комплекс на средства на автоматизиран систем на диспечерско управување. Проценка (естимација) на состојба на ЕЕС: Општо за мониторинг и оценување на состојба на ЕЕС; Математичко претставување на ЕЕС во стационарна состојба; квазистационарна состојба на ЕЕС. Променливи на состојба; Мерени големини; Псевдомерени големини; Редунданса на мерните податоци; Мерни грешки: Мерни равенки; Поим за оптимална проценка на состојба; Проценка на состојба со методот на статистички одмерени најмали квадрати; Својства на проценката на состојба; Мерна конфигурација на ЕЕС; Опсервабилност на ЕЕС; Следечко проценување на состојба; Воопштено проценување на состојба; Детекција, идентификација и потиснување на лоши податоци. Оптимално управување на ЕЕС во нормална работна состојба: Карактеристики на нормалната состојба; Цели на управувањето; Формулација на оптимизационите проблеми на управување во вид на проблем на нелинеарно програмирање; Формулација на оптимизационите проблеми на управување во вид на Каруш-Кан-Такеровите (ККТ) потребни услови за оптималност; Матрици на осетливост (сензитивност); Поедноставување на ККТ потребните услови за оптималност со методот на преименување на променливи и функции; Регулациона структура на ЕЕС; Составување на функциите на целта и на функциите на ограничувањата во вид на равенки и неравенки; Нумерички методи за решавање на оптимизационите проблеми на управување; Метод на редуциран градиент и именување на променливите и функциите на ограничувањата; Други нумерички методи. Диспечинг со уважување на ограничувањата за сигурност на погонот на ЕЕС; Управување на ЕЕС во вонредна работна: Карактеристики на вонредната состојба; Цели на управувањето; Формулација на проблемите на управување во вонредна квазистационарна состојба. Управување во обединети (интерконектирани) ЕЕС: Цели на управувањето; Управување со производството и размените на активна моќност.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A.J. Wood,

B.F. Wollenberg

“Power Generation, Operation and Control"

John Wiley and Sons Inc., New York

1996

2

A. Abur,

A.G. Exposito

"Power System State Estimation, Theory and Implementation"

Marcel Dekker, New York

2004

3

M.S. Calovic,

A.T. Saric

"Eksploatacija elektroenergetskih sistema"

Beopres, Beograd

1999

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

В. Борозан

Интерни скрипти и презентации