Теорија на системи
Предмет: Теорија на системи
Код: ФЕИТ013008
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+2+1+0
Институт: Автоматика и системско инженерство
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основите на теоријата на системите, нивно моделирање и претставување, анализа на работни состојби, добивање решение на матрична состојбена равенка во просторот на состојби, трансформации и еквивалентни системи, запознавање со основните структурни особини кај системите: управливост, набљудливост и стабилност. Со положување на предметот студентот ќе биде оспособен за претставување и моделирање на системи од било каква природа, а не само технички; нивна анализа за решавање на разни поставени проблеми од инженерската практика и нетехнички дисциплини
Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед во современиот системски приод: Дефиниција на поимот на систем. Принципот на хиерархиска структурираност. Работни состојби на системите: почетна, преодна, рамнотежно-стационарна, периодично-стационарна, псовдо-стационарна. Основни спреги кај системите. Поим за информација, сигнал, објект и систем. Обопштено-структурна теорија на системите: Блок-структурен дијаграм и граф на сигнали. Изведување модели во простор на состојби. Еквивалентни модели. Состојбен приод кон системите и дискусија на концептот за состојба на динамички систем. Својствената структура на состојбената матрица. Моделирање на системите преку состојбените равенки. Системско-структурните својства дофатливост, управливост, набљудливост и реконструктивност кај временски-континуалните и временски дискретните системи. Канонски реализации од типот дофатлива, управлива, набљудлива и реконструктивна форма. Стабилност: Љапуновски приод кон стабилноста на линеарните динамички системи во континуално и во дискретно време. Проточно мрежни системи: Анализа на проточно мрежните системи за решавање на основните проблеми на максимален проток и минимален пат.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Chi-Tsong Chen |
“Linear System Theory and Design (Oxford Series in Electrical and Computer Engineering)” |
Oxford University Press, USA; 3. издание |
1998 |
2 |
Norman S. Nise |
“Control Systems Engineering” |
Wiley; 6. издание |
2010 |
3 |
|
|
|
|
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Richard C. Dorf и Robert H. Bishop |
“Modern Control Systems” |
Prentice Hall; 12. издание |
2010 |