Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Теорија на автоматско управување 2

Теорија на автоматско управување 2

Предмет: Теорија на автоматско управување 2

Код: ФЕИТ01Л005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основите на теоријата на линеарните дискретни системи на автоматско управување и стекнување на знаења со кои студентот ќе може да врши анализа и синтеза на овој тип на системи.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед: Дискретни и дискретно-континуални системи на автоматско управување (ДСАУ) и нивна примена. Осврт на операциите земање извадоци, квантизирање и реконструкција на сигналите од гледиште на техничките барања во автоматиката. Анализа на ДСАУ: Осврт кон математичкиот апарат за анализа и синтеза на дискретните ЛДС – Z-трансформација. Преносни функции на дискретните ЛДС. Структурни блок-шеми и алгебра на блок-шемите на дискретните ЛДС. Одзив на дискретните ЛДС – во временско и фреквенциско подрачје. Стабилност на ДСАУ: ДСУ во Z-комплексната област и проблемот на стабилност. Критериуми за стабилност во комплексната и фреквенциската област. Синтеза на ДСАУ: Основи на проектирање на ДСАУ, конечно временско и безударно неосцилаторно дискретно управување.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Елизабета Лазаревска

“Анализа на линеарните дискретни системи на управување”

Жаки, Скопје

1994

2

Gene F. Franklin, J. David Powell, Michael Workman,

“Digital Control of Dynamic Systems”

Pearson Education; 3. издание

2005

3

Милиќ Стојиќ

“Дигитални системи на управување”

Наука, Белград

1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Katsuhiko Ogata

“Discrete-Time Control Systems”

Prentice Hall; 2. издание

1995