Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Теорија на автоматско управување 1

Теорија на автоматско управување 1

Предмет: Теорија на автоматско управување 1

Код: ФЕИТ013001

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 2+2+1+0

Институт: Автоматика и системско инженерство

Предуслов за запишување на преметот: нема

Цели на предмететната програма (компетенции) : Запознавање со основите на теоријата на линеарните континуални системи на автоматско управување и стекнување на знаења со кои студентот ќе може да врши анализа и синтеза на овој тип на системи.

Методи на учење: Комбиниран начин на учење: предавања, подржани со презентации, домашни задачи и аудиториски вежби и практични вежби во лабораторија.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: 1. Основни поими и дефиниции. Општи принципи на работа на системите за автоматска регулација и управување. Составни делови на системите за автоматско управување (САУ). Примери за системи на автоматско управување. Основни врски кај системите на автоматско управување. Класификација на системите на автоматско управување 2. Анализа на системи на автоматско управување. Осврт кон математичкиот апарат за анализа и синтеза на континуалните линеарни САУ – Лапласова трансформација. Преносни функции. Структурни блок-шеми и алгебра на блок-шемите. Одзив на континуалните линеарни САУ – во временско и фреквентно подрачје. Математички модели на типските линеарни П-И-Д регулационо управувачки закони. Динамика на управуваниот процес. 3. Стабилност на линеарните системи на автоматско управување. Алгебарски и фреквенциски критериуми за стабилност на континуалните САУ. Параметарска стабилизација на линеарните континуални САУ со типски П-И-Д регулационо управувачки закони. Конструкција на параметарските области на стабилност и апериодичност. 4. Синтеза на континуални САУ.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard C. Dorf и Robert H. Bishop

“Modern Control Systems”

Prentice Hall; 12. издание

2010

2

Норман С. Нисе

Системи на автоматско управување (петто издание - превод од англиски на македонски јазик)*

Датапонс, Скопје

2013

3

 

 

 

 

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Е. Лазаревска, В. Ојлеска

Е. Лазаревска, В. Ојлеска, Решени задачи во MATLAB од областа на линеарните динамички системи

УКИМ - Скопје

2011

2

Милиќ Стојиќ

“Континуални системи на управување”

Наука, Белград, СЦГ

2001

* дел од проектот на Владата на Република Македонија “Преведување на 1000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ спроведен преку Министерството за образование и наука на Република Македонија)