Телекомуникациски софтвер
Предмет: Телекомуникациски софтвер
Код: ФЕИТ103005
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 2+1+2+0
Предуслов за запишување на преметот: нема
Цели на предметната програма (компетенции) : Студентот ќе се запознае со основите на телекомуникациското системско инженерство, принципите за анализа и дизајн на телекомуникациските системи и протоколи. Студентот ќе се стекне со вештина за формално моделирање на однесувањето на телекомуникациските системи со помош на SDL.
Методи на учење: Преку предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојна работа, изработка на семинарски, посета на телекомуникациски компании, гости - предавачи од индустријата.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Основи на телекомуникациско системско инженерство. Фази на телекомуникациски инженеринг. Основни концепти при анализа и дизајн на телекомуникациски системи и протоколи. Моделирање на динамичко однесување на телекомуникациските системи со користење на автомати со конечен број на состојби. Вовед во Specification and Description Language (SDL). Моделирање на комуникациски протоколи со Specification and Description Language (SDL). Податочни типови во SDL. Модуларност на SDL системите. Комплементарни јазици на SDL: MSC и TTCN.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Перо Латкоски |
Интерна скрипта по телекомуникациски софтвер |
/ |
2010 |
2 |
Laurent Doldi |
SDL illustrated - visually design executable models |
TRANSMETH SUD OUEST |
2001 |
3 |
Miroslav Popovic |
Communication Protocol Engineering |
CRC Press |
2007 |