Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Телекомуникациски мрежи

Телекомуникациски мрежи

Предмет: Телекомуникациски мрежи

Код: ФЕИТ10З014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: положени: случајни сигнали и теорија на информации, ислушани: комутација и рутирање

Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање на концептот на телекомуникациско омрежување и на различните типови на телекомуникациски мрежи. Запознавање со основните мрежни протоколи во модерните телекомуникациски мрежи. Анализа на конкретни мрежни сценарија и нивна оптимизација. Дизајнирање на мрежи.

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на релевантни телекомуникациски компании, поканети предавања на експерти од телекомуникациската индустрија

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед. Елементи на телекомуникациски мрежи. Кла­си­фи­ка­ци­ја и услуги. Мрежни концепти. Слоева архитектура. Ко­му­ти­рач­ки ар­хи­те­кту­ри. Пристапни мрежи и техники. Типови на повеќекратен пристап (статички МА тех­ни­ки, МА техники со случаен пристап, техники со контролиран пристап, тех­ни­ки со експандиран спектар итн). Податочни мрежи (LAN, WAN итн.). Ши­ро­ко­по­јас­ни мрежи (ATM, SDH, ADSL, IP, MPLS итн.). Ин­тер­нет. Ме­ѓу­мреж­но поврзување (internetworking). IWU. Рутирање. Мрежни про­то­ко­ли и сиг­на­ли­за­ци­ја. Транспортни протоколи. Контролни механизми. На­пред­ни мреж­ни решенија. Механизми за остварување на квалитет на сер­ви­си. Си­гур­нос­ни аспекти. Можни инфраструктури и ко­ег­зи­стен­ци­ја на жи­ча­ни и безжични решенија. Мрежен менаџмент.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. L. Garcia

Communication Networks: Fundamental Concepts and Key Architectures

Mcgraw-Hill

2003

2

R. Horak

Telecommunications and Data Communications Handbook

Wiley-Interscience

2008

3

E. Iannone

Telecommunication Networks

CRC  Presss

2011