Лични алати
Пријави се

Техника на висок напон 2

Предмет: Техника на висок напон 2

Код: ФЕИТ09Л014

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+2+0+0

Институт: Преносни електроенергетски системи

Предуслов за запишување на преметот: положени: Математика 1 и 2. Основи на електротехника 1 и 2. Теорија на електрични кола. Ислушани: Математика 3 и 4. Техника на висок напон 1.

Цели на предмететната програма (компетенции): Запознавање со карактеристиките на молњата како извор на атмосферските пренапони, заштита на електро-енергетски објекти, постројки и надземни водови, координација на изолацијата, методи за анализа, симулација и моделирање, комутациони (склопни) пренапони и заштита од нив.

Методи на учење: Предавања (преку презентации) и аудиториски вежби (презентации и интерактивно со пишување).

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед. Основни поими и дефиниции. Област на изучување. Молња – извор на атмосферските пренапони и нејзини карактеристики. Заштита од директни удари на молњата и СЗАП. Заштита на објектите, надземните водови и електроенергетските постројки. Простирање на бранови по водовите. Прекршување и одбивање. Петерсеново правило. Искришта и одводници на пренапони. Координација на изолацијата. Заземјување и импулсен отпор. Моделирање. Заштита на разводните постројки и трафостаници од упадни бранови. Комута-циони пренапони во ЕЕС. Пренапони при вклучување и исклучување на реактивни елементи и долги водови. Примена на Matlab/Simulink за анализа на комутационите пренапони. Моделирање и пресметки.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Р. Ачковски

Технка на висок напон 2

ФЕИТ, Скопје

2007

2

Р. Миновски

Атмосферски преанапони

ЕТФ-Скопје

2000

3

M. Savić

Tehnika na visoki napon. Atmosferski prenaponi

ETF, beograd

1996

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Р. Ачковски, А. Крколева

Збирка задачи од областа на технка на висок напон 2

ФЕИТ, Скопје

2007

2

M. Padelin

Zaštita od groma

Školska knjiga Zagreb

1987