Техника на висок напон 1
Предмет: Техника на висок напон 1
Код: ФЕИТ093009
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Преносни електроенергетски системи
Предуслов за запишување на преметот: Положени: Основи на електротехника 1 и 2
Цели на предмететната програма (компетенции): Запознавање со изолацијата на елементите на ЕЕС, нејзините својства, избор, димензионирање, експлоатација и испитување. Оспособеност за избор, одржување и експлоатација на изолацијата и изолационите конструкции при работа во фабрики за производство на високонапонска опрема, електроенергетски производствени, електроенергетски дистрибутивни претпријатија, како и други индустриски претпријатија.
Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, самостојно учење, изработка на семинарска задача, стручна екскурзија.
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Вовед. Напрегања од електричното поле. Својства на надворешната изолација во ЕЕС. Јонизација во гасови. Самостојно и несамостојно празнење. Празнење во хомогено и нехомогено поле. Корона. Стримерна теорија на празнењето. Влијјание на поларитетот на електродите при нехомогени полиња. Празнења при големи растојанија. Статистичка распределба на пробивните напони. Време до пробив. Корона на на преносните надземни водови. Мерки за сузбивање на короната. Примена на коронското празнење. Електричен лак. Празнење долж површината на цврста изолација. Празнење во силно нехомогено поле. Влијание на загадувањето и навлажнувањето. Надворешна изолација на надземните водови и разводните постројки. Конструктивни примери на изолатори. Низи од капасти изолатори. Избор на низите, одредување на бројот на членови. Избор на воздушните растојанија. Внатрешна изолација. Пробив во течни диелектрици. Цврсти диелектрици како внатрешна изолација. Топлински пробив. Гасна изолација. Вакуумска изолација. Стареење на внатрешната изолација. Парцијални празнења. Избор на дозволените величини на работните и испитните напони. Поважни видови на внатрешна изолација. Поважни изолациони конструкции. Примери кај трансформатори, кабли, уводни изолатори, електрични машини.
Литература:
Литература |
||||
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Љубомир Николоски: |
Техника на висок напон 1 |
ФЕИТ Скопје |
2010 |
2 |
Љубомир Николоски |
Лабораториски практикум по техниката на висок напон |
ЕТФ Скопје |
2000 |
3 |
Ристо Миновски, |
Техника на висок напон |
ЕТФ, Скопје |
1986 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
М. Волчев и други |
Техника на високите напреженија |
Техника, Софија |
1980 |
2 |
M. Beyer et all. |
Hochspannungstechnik. Teoretische und Praktische Grundlagen |
Springer |
1986 |
3 |
Под. ред. М.В. Костенко |
Техника Вијсоких напрјажениј |
Вијсшаја школа, Москва |
1973 |