Простирање и зрачење
Предмет: Простирање и зрачење
Код: ФЕИТ05Л023
Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС
Неделен фонд на часови: 3+1+1+0
Институт: Електроника
Предуслов за запишување на предметот: нема
Цели на предметната програма (компетенции) :
- Запознавање со основните својства на електромагнетните бранови во слободен простор и водени електромагнетни бранови. Запознавање и разработка на постапки за анализа на системите за електромагнетно зрачење.
- Анализа и решавање на низа практичи проблеми сврзани со простирањето на електромагнетните бранови и електромагнетното зрачење.
Методи на учење: Учество во наставата и вежбите, изработка на домашни
Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови
Содржина на предметната програма: Основни својства на рамнински бранови во хомоген и идеален диелектрик. Рамнински бранови во полупроводна средина. Групна брзина. Продирање на бранови во проводници. Одбивање и прекршување на бранови. Простирање во хомогено јонизирани средини. Простирање во континуирано нехомогени средини. Компјутерска симулација на простирањето на рамнинските бранови низ нехомогени средини. Херцов дипол. Блиска зона и зона на зрачење. Поле во зоната на зрачење од произволно распределени струи. Влијане на земјата. Линеична антена. Карактеристична функција на зрачење, отпорност на зрачење и засилување на антена. Приемна антена. Антенски низи, анализа и моделирање на истите. Компјутерска симулација на карактеристиките на зрачење на антена и антенски системи.
Литература:
Задолжителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Љ. Јанев |
Електромагнетика 2 |
ЕТФ Скопје |
1996 |
2 |
Ј. Сурутка |
Електромагнетика |
Академска мисао, Београд |
2006 |
Дополнителна литература |
||||
Бр. |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
1 |
Matthew N. O. Sadiku |
Elements of Electromagnetics |
Saunders College Publishing |
1994 |