Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Микроелектроника и микросистеми

Микроелектроника и микросистеми

Предмет: Микроелектроника и микросистеми

Код: ФЕИТ05Л019

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електроника

Предуслов за запишување на предметот: Ислушани: Електроника 1*

Цели на предметната програма (компетенции) : Располага со продлабочени инженерски знаења од микроелектрониката. Ги разбира технолошките процеси поврзани со микроелектронските елементи и склопови. Владее со основни CAD алати во микроелектрониката и може да дизајнира едноставни микроструктури.

Методи на учење: Предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби, домашни задачи, семинарски задачи/проекти

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Вовед – развој на микроелектрониката (ITRS), монокристал, фотолитографија; дифузија, епитаксија, оксидација, јонска имплантација, напарувања - метализација, симулација на процесите, пакување; елементи на ИК – слојна отпорност, Ирвинови криви, pn-спој, Лоренс-Ворнерови криви, MOS-структура и карактеристики, биполарен транзистор, CAD-системи за нацрт; хибридни интегрирани кола; MEMS и микросистеми, интеграција на процесите, специфични MEMS структури и примери; Органски полупроводници

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Richard C. Jaeger

Introduction to microelectronic fabrication, 2nd еd.

Prentice Hall

2002

2

Томислав Џеков

Микроелектроника

УКИМ

1986

3

Ј.Ќосев

Збирка решени примери од микроелектроника

ФЕИТ (интерна)

1989

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Stephen D. Senturia

Microsystem design

Kluwer academic pub.

2001

2

J.Baker

CMOS: Circuit design, layout and simulation, 2nd ed

Wiley-IEEE

2005

3

Разни автори

Интернет материјали и симулатори

Интернет

Тековна

* Предусловот „Ислушани: Електроника 1“ се применува само за студентите запишани на студиската програма Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ).