Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Електроенергетски уреди

Електроенергетски уреди

Предмет: Електроенергетски уреди

Код: ФЕИТ02Л005

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Електрични машини, трансформатори и апарати

Предуслов за запишување на преметот: Положен: Основи на електротехника 1

Цели на предметната програма (компетенции) : Оспособеност за анализа на функционирањето на различните електроенергетски уреди: мотори, генератори и трансформатори. Запознавање со постапките за лабораториски испитувања на уредите, како и способност за пресметки на најзначајните параметри.

Методи на учење: Активно следење на наставата, предавањата и вежбите (лабораториски и аудиториски), усвојување на наставната материја со домашно учење

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Теорија на електромеханичко претварање на енергијата во електроенергетските уреди ЕЕУ. Теоретски основи на Трансформаторите, машините на еднонасочна струја (МЕС), машините на наизменична струја. (МНС). Видови, поделба, конструктивна изведба и примена на ЕЕУ. Основни равенки, енергетски дијаграми, раборни карактеристики. Улога на Трансформаторите и Генераторите во Електроенергетскиот систем. ЕЕУ за искористување на Обновливите извори на енергија. Интелегентни ЕЕУ за штедење на електрична енергија. Енергетска ефикасност на ЕЕУ. Моделирање на динамиката на ЕЕУ со помош на МАТЛАБ/СИМУЛИНК софтверскиот пакет. Основни поими за Регулација на брзината, положбата, моментот, напонот на ЕЕУ. Анализа и Синтеза на регулационите кругови и избор на соодветен ПИД регулатор за оптимална регулација. Основни поими на векторска регулација на асинхроните мотори/генератори. Поим за адаптивна регулација и регулација со помош на модели (обсервери). Практични испитувања на работните карактеристики на ЕЕУ во лабораториски услови.

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Проф.д-р  Горан Рафајловски

Електроeнергетски уреди – скрипта

ФЕИТ

2011

2

A.E.Fitzgerald, C. Kingsley, S.D. Umans

Electric machinery

Mc Graw Hill Int., Fifth Edition, 1992.

1992

3

Проф. д-р Горан Рафајловски

Електрични мотори (Динамика и Управување) Учебник

Универзитет „Св. Кирил и Методиј Скопје“

2012

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

P.C.Krause, O. Wasynczuk

Electromechanical Motion Devices”,

Mc Graw Hill, International Edition

1989

2

M.E. Brumbach,

Electronic variable speed drives

Prentice-Hall Int.

1996

3

M. H. Rashid,

Power Circuits, Devices, and Applications

Prentice-Hall Int., New Jersey

1993