Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Стандардизација и регулатива во телекомуникации

Стандардизација и регулатива во телекомуникации

Предмет: Стандардизација и регулатива во телекомуникации

Код: ФЕИТ10З037

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+1+1+0

Институт: Телекомуникации

Предуслов за запишување на преметот: положени: телекомуникациски мрежи, ислушани: безжични и мобилни мрежи

Цели на предмететната програма (компетенции) : Разбирање на потребата од стандардизација и регулатива во доменот на телекомуникациите. Запознавање со начинот на работа и релевантните документи на најзначајните телекомуникациски тела во светот. Разбирање на механизмот за воведување стандард во телекомуникациите преку соодветни тела. Разбирање на поимот за регулација на спектар и на напредни методи за мониторинг на спектар.

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби, самостојна работа на проектни задачи и изработка на семинарски работи, посета на националното регулаторно тело

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Потреба од стандардизација на телекомуникациска инфраструктура, опрема и сервиси. Поим за интероперабилност во телекомуникации. Релевантни стандардизациони тела (ITU, CEPT, ETSI, IEEE итн.). Организација на работа на стандардизациони тела (работни групи, технички извештаи, препораки). Регулатива на користење на спектар. Релевантни препораки и документи за мониторинг на спектар. Анализа на технички решенија за мониторинг на спектар. Набљудување на квалитет на телекомуникациски услуги и степен на корисничка задоволеност. Развој на нови бизнис модели преку постоечка регулатива.

Литература:

Литература

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

A. Gentzoglanis, A. Henten

Regulation and the Evolution of the Global Telecommunications Industry

Edward Elgar Pub

2010

2

R. J. May

New Directions in Communications Policy

Carolina Academic Press

2009