Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Студиски програми I циклус (додипломски) I циклус студии 2012-2016 Софтверски алатки во електроенергетиката

Софтверски алатки во електроенергетиката

Предмет: Софтверски алатки во електроенергетиката

Код: ФЕИТ04З002

Број на ЕКТС кредити: 6 ЕКТС

Неделен фонд на часови: 3+0+2+0

Институт: Електрични централи и разводни постројки

Предуслов за запишување на преметот: положени: Математика 1, Физика 1

Цели на предмететната програма (компетенции) : Добивање на практични знаења и оспособеност за користење на современи софтверски пакети и алатки за решавање на конкретни инженерски задачи и моделирање на физичките и економските процеси во електроенергетиката

Методи на учење: Предавања поддржани со презентации, интерактивни предавања, вежби во ФЛАОП со решавање на практични примери од електроенергетиката и инженесрскиот менаџмент, самостојна изработка на домашни задачи.

Вкупен расположив фонд на часови: 180 часови

Содржина на предметната програма: Софтверски алатки за изготвување на инженерска техничка документација. Стандарди, критериуми и правила за оформување на инженерски текст, графика, мултимедија. Правила за подготовка на техничка презентација и за ефективно презентирање. Користење на MS Excel и неговите додатоци (Solver, Goal Seek, Scenario Manager) за решавање на практични инженерски проблеми. МАТЛАБ – основи, програмирање, М-датотеки. Визуализација и графичка обработка на податоци и процеси од електроенергетиката. Статистичка обработка и анализа на бизнис податоци и податоци од погон на хидро и термоелектрани. Решaвање на системи линеaрни и нелинеарни равенки во МАТЛАБ. Креирање на сопствени функции, решавање на нумерички и оптимизациони проблеми од електро- енергетиката. Апроксимација и предвидување во енергетиката и менаџментот. SIMULINK и SimPower System – работа со блокови, формирање на модели и подсистеми. Креирање енергетски на кола со помош на powerlib Library

Литература:

Задолжителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Атанас Илиев

Софтверски алатки - практични примери

во  електроенергетика – скрипта

ФЕИТ

2010

2

А. Gillat

Matlab – An Introduction with Application

John Willey & Sons Inc.

2011

3

Z. Stojković

Projektovanje pomoću računara u elektroenergetici

– programski alati

ETF Beograd

2003

Дополнителна литература

Бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1

Microsoft

MS Office 2007 – Reference Manual

MS Press

2010

2

B. Hahn, D. Valentine

Essential MATLAB for Engineers and Scientists

Elsevier

2007